Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.02.2017, 15:56

АЛБАНЦИТЕ МУ ГИ ДАДОА ПОТПИСИТЕ НА ЗАЕВ, МНОЗИНСТВОТО ВО АУТ

Влада со агенда од сеалбанска платформа?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги доби потписите од Албанците, по што очекува да му се додели мандат за состав на влада, оставајќи ги мнозинството и мултиетничноста во аут. Следен чекор е формирање на влада. Рокот е 20 дена, а процесот го отежнува условувањето на ДУИ прво да се усвои закон за употреба на јазиците, а потоа да се формира владата.

Централниот одбор на СДСМ во саботата вечерта едногласно го утврди претседателот на СДСМ, Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија. Но, ниту Заев ниту кој било друг од партијата не се охрабри да $ соопшти на јавноста што сe е договарано или договорено.

"Чест е, моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и сe што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Република Македонија". Вака Заев според соопштението на СДСМ им се заблагодарил на сопартијците за поддршката.

Од СДСМ очекуваат денеска претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување на нова влада на Зоран Заев.

Во петокот доцна вечерта ДУИ донесе одлука да ги даде потписите за формирање влада на СДСМ. Портпаролот Бујар Османи изјави дека преговорите за влада ќе продолжат, потписите не значат и дека дефинитивно дека ќе се прави владата, но преговори ќе има со СДСМ. Како што образложи Османи, потписите ги даваат за да ги запазат роковите и за да не се губи премногу време.

Освен десетте потписи од ДУИ, Заев ги доби и петте од Беса и три од Алијансата на Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак по одржаниот состанок на Извршниот комитет изјавија дека целосно се спротиставува на обидите да се игнорира и изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на останатите етнички заедници.

"Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на останатите етнички заедници во подредена позиција. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ. Дел од членовите на предлог-законот за јазици на којшто се согласил СДСМ, а беа обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси. Извршниот комитет заклучи дека партијата и избраните пратеници ќе се спротивстават на донесувањето на ваков катастрофален закон и ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на мнозинството", се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

С. Димишкова


Текстот е прочитан 2045 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter