Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 12:57

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ТАНЦОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 5 ДО 25 АПРИЛ

Биди свој со Танц фест

Годинешниот 13. Танц фест ќе се одржува од 5 до 25 април, директорката Рисима Рисимкин отворањето го најавува со спектаклот "Пиксел" од Франција.

Мотото на Фестивалот е "Биди свој", а ќе гостуваат уметници од Франција, Швајцарија, Кина, од Словенија, Латвија, Германија, Италија, Холандија, од Унгарија, Русија, Чешка и од Македонија.
Претставата "Пиксел" е во кореографија на Мурад Мерзуки, а во продукција
на Националниот кореографски центар во Кретел и Вал-де-Марне. Проектот во
моментов е вистинска светска атракција, спој на современ танц, хип-хоп и
врвна технологија на сцена.
Како што се најавува, со оваа претстава во Скопје, Франција ја отвора сезоната Франсденс Ориент експрес на Балканот. Гостувањето е поддржано од Францускиот
институт од Скопје и од Париз и Театроскоп.
И годинава на Фестивалот ќе се одржи интернационалниот натпревар за млади кореографи "Танцлаб", за кој најави излегоа во две специјализирани списанија за танц во Европа и за кој има огромен интерес за учество.



Полуфиналната вечер е на 7 април во Велешкиот театар, а Гала-вечерта е следниот ден, кога ќе се одржи и најновата премиера на Скопје танцовиот театар "Патот", во кореографија на Антон Рудаков од Германија, добитник на "Златната пеперутка" за најдобра кореографија на "Танцлаб" во 2015 година.
Следна претстава е "Од Цирих со љубов!" на Универзитетот за убави уметности од
Цирих, Швајцарија (МНТ, на 10 април). Претставата се состои од повеќе кореографии, меѓу кои е кореографијата на Адријана Данчевска од Скопје танцов театар, потоа
Рено Вајсер, Емануел Сови и Барак Маршал, врвен кореограф од Израел. Ова
е прво поголемо гостување на современа танцова компанија од Швајцарија
во рамките на фестивалот Танц фест.
На 12 април, во МНТ е втората премиера на Скопје танцовиот театар "Кожа", во
кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин.
На 20 април ќе се игра претставата "Р.Е.М. (Рапид Еѕе Мовемент) А дреам сецтионн на Најн современиот танцов театар од Пекинг, Кина, а Фестивалот ќе се затвори на сцената во Велес, на 25 април, со претставата "Колевка", копродукција на повеќе европски фестивали и на Кина. (Б.Н.)


Текстот е прочитан 851 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter