Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 13:05

ИВАНА АНГЕЛОВСКА НАПРАВИ МАНЕКЕНСКА КАРИЕРА ВО АВСТРАЛИЈА

Сон ми е да промовирам македонски бренд

Моделот Ивана Ангеловска (18), која со семејството живее и работи во Мелбурн, Австралија, досега рекламирала повеќе австралиски текстилни производи, но нејзин најголем сон е да промовира македонски бренд.

"По потекло сум од Охрид, но родена сум во Мелбурн, каде што живеам со семејството. Годинава завршив средно и ќе се запишам на факултет. Желба ми е да студирам форензичка психологија и политички науки. Сакам тоа да ми биде професија, манекенството ми е хоби. Секоја година едвај чекам да дојде лето и да дојдам во Македонија, особено во Охрид, каде што навистина уживам", вели Ивана.
Секо доаѓање во Охрид го користи исклучиво за одмор и досега немала понуди од македонска фирма.
"Со Македонија единствено ме поврзува тоа што бев дел од спотот за фолк-евергринот 'Розо моја' на Ибуш Ибраимовски. Но, искрено, предизвик ми е да соработувам со македонски брендови, но и на некоја ревија. Досега сум била дел од рекламите за многу брендови, меѓу нив за 'Бу ху' и 'Х&М'. Секојдневно ми стигнуваат најновите колекции од нив, но, искрено, би сакала да ставам македонски производ на себе", вели Ивана. (В.М.)


Текстот е прочитан 2275 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter