Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:32

АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ, ВОКАЛ ВО ГРУПАТА "БАЛКАН БЕНД"

"Браво бенд" е веќе завршена приказна

Јас веќе не сум дел од групата "Браво бенд", вели пејачот Александар Тасевски, кој скоро една година е вокал во новата група "Балкан бенд".

Тој вели дека поголем дел од членовите, кои биле во првата постава на "Браво бенд", веќе се заминати и му пречи што сè уште го поврзуваат неговото име со оваа група. За заминувањето од "Браво бенд", тој демантира дека станува збор за кавга, туку, едноставно, за одлука.
- Причината за заминување од 'Браво бенд' беше моја одлука, затоа што не се пронаоѓав веќе во тој бенд, веќе ги немаше неговите основачи. Поточно, по излегувањето на Атанас тапанарот и на Ристе фронтменот на бендот, потоа и на Жика и на Зоки, немаше смисла да останам. Затоа одлучив да заминам, бидејќи тоа веќе не беше оној вистинскиот 'Браво бенд' што некогаш функционираше беспрекорно добро, со вистинските луѓе во него.
* Дали "Браво бенд" згасна или сè уште постои?
- "Браво бенд" е преголем бренд за да згасне прекуноќ. Името и брендот се изградени со колегите што ги набројав. За жал, сè уште голем број од луѓето не знаат за промените. Оние што добро нè познаваат, знаат дека таму веќе нема ништо останато од оној вистинскиот бенд. Секако дека имам контакт со старите членови, а од новите членови, некои не ги ни познавам.



* Како функционирате сега во "Балкан бенд"?
- Сакав да го искористам целото претходно искуство да направам нов бенд, пред сè, со добри луѓе, одлични музичари и големи професионалци, кои одлично ја познаваат својата работа. Полека, но сигурно "Балкан бенд" станува еден сериозен бренд, кој одлично функционира. За краток период снимивме две песни, и тоа "Пелин и мед" и "Неверник", за која снимавме и спот. Се работи и на третата песна, која, по моја проценка, ќе биде една од најдобрите македонски песни. Во "Балкан бенд" сме собрани искусни музичари, и тоа Златко на тапани, Никос на клавијатури, Илија на гитара и многу често на бас е композиторот Орце Лазаров од групата "Академци".
* Што е важно за опстојување на еден бенд?
-Разбирање, желба за успех, квалитетни музичари и многу труд, сето тоа е потребно за еден бенд добро да функционира. Целта на "Балкан бенд" е полека да одиме кон врвот. Покрај настапите низ речиси сите клубови низ Македонија, договорени се и многу свадби, прослави, емисии, каде што свириме во живо и, секако, крајната цел за годинава е да стигнеме до нашето првенче, односно првиот албум на "Балкан бенд". Во меѓувреме, ќе има уште неколку изненадувања, но тоа за понатаму. Не се сомневам во успехот на "Балкан бенд", само сум свесен дека е потребно малку време за тоа. (В.М.)


Текстот е прочитан 5223 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter