Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.12.2016, 14:17

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГИ ПОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ, ПОЖАРНИКАР И КРВОДАРИТЕЛ

Најдобриот полицаец е од Гази Баба, ама не е со врски

Трајановски се пошегува на доделувањето на наградите оти најдобриот полицаец го покрива реонот на Автокоманда каде што живее градоначалникот

Најдобар пожарникар за 2016 е Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за годинава е Марјан Димитриевски, вработен во полициска станица Гази Баба, а за најдобар крводарител е прогласен Љупчо Велковски. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вчера свечено им ги врачи наградите.
" Најдобриот полицаец е од Гази Баба, но не е со врски", на шега рече градоначалникот Трајановски ,кој живее во Автокоманда, реон кој го покрива полициската станица Гази Баба каде што работи наградениот полицаец.
"Наградата е парична, и изнесува 10 000 денари, а ги наградуваме најпожртвуваните, најхрабрите и најхуманите, со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да станат пожртвувани, храбри и хумани. Сакам да им честитам на наградените за постигнатиот успех и да им порачам и во иднина да бидат добар пример за своите колеги и сограѓани", рече градоначалникот Трајановски.



Најдобриот пожарникар Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, има 27 години стаж. Учествувал деноноќно во расчистување на штетите од поплавите во Сингелиќ и во Арачиново, како и во гасењето на повеќе од 50 пожари.
Најдобриот полицаец Марјан Димитриевски има 24 години стаж, а во изминатата година остварил натпросечни резултати во извршувањето на задачите.
Најдобриот крводарител Љупчо Велковски има 120 дарувања крв. Вели дека годишно по четири пати дава крв, а за тоа не ги чека организираните акции туку сам се пријавува во центрите за дарување крв. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 998 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter