Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 13:46

ПРЕТСТАВАТА НА НЕТАНЈАХУ - МИЦЕВСКИ УТРЕ ВО НБТ

"Смислата на животот" премиерно во Битола

Во Народниот театар во Битола, утре премиерно ќе се изведе претставата "Смислата на животот", по текст на Израелецот Идо Нетанјаху, а во режија на Благој Мицевски.

"Станува збор за тежок текст и за тема кои помагаат да размислуваме што правиме, колку придонесуваме за светот во кој живееме да стане подобар. Во еден дел од претставата за доктор Франкл, кој го преживеал холокаустот, се допира денешниот свет, и тоа е дополнителна провокација да се погледнат сите аспекти на минатото од 50-тите години од минатиот век и смислата на животот денес", вели Мицевски.
Главната улога, на доктор Франкл, ја игра Петар Горко, а во кастингот се: Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска, Иван Јерчиќ, Борче Ѓаковски и Ангел Мицевски.
"Доктор Франкл е лик кој тешко може да се одигра, но, сепак, може кога се има одлична актерска екипа. Кога ќе се излечи душата, тогаш секоја појава исчезнува, тогаш човек може да прости и да ги ублажи проблемите. Љубовта е најважниот двигател на секој човек, и тоа води во одбраната на ова дело", истакнува Горко.
На вечерашната претпремиера, како и утре на премиерата, ќе присуствува авторот на текстот.


Текстот е прочитан 453 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter