Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 14:35

Процесот „16+1“ нуди одлични перслективи за односите Кина - Македонија

Новиот кинески концепт на меѓународни односи ја има предвид изменетата меѓународна сцена на односи и се темели на принципите на соработка врз начелото „сите се победници“ (вин-вин). Односите со Република Македонија се пријателски и имаат одлична перспектива преку спроведувањето на Процесот 16+1 со 16 земји од Централна и Источна Европа чиј дел е и Македонија.

Ова го истакна заменик генералниот директор на кинескиот Институт за европски студии, Ченг Вејдонг, CASS од НР Кина кој денеска во МНР одржа предавање на тема: „Односите и напредокот од Процесот за соработка 16+1- еден појас еден пат со Република Македонија“. Според него, новиот концепт на меѓународни односи е всушност возобновување на стариот концепт на мирна коегзистенција и е комбинација на историја и иновација.

- Од гледна точка на историјата, новиот вид меѓународни односи не ги негира сите принципи на меѓународниот поредок. Нашата земја исто така се потпира на меѓународниот поредок и ги поддржува меѓународните институции... Градењето нов вид концепт на меѓународни односи значи соработка и не ја заменува соработката со други срдедства туку има за цел да се трасира нов меѓународен поредок... Новиот вид меѓународни односи има за цел конфронтацијата да ја замени со соработка и ексклузивно да се потпира на соработката и на начелото сите се победници. Само ваков вид соработка може да донесе резултати кои се корисни за сите и со кои сите се победници, односно одржлива соработка и корист за сите змеји, рече Вејдонг.

Осврнувајќи се на односите на Кина со Македонија, тој истака дека во изминатите 15 години тие се одвиваат добро и стабилно напредуваат, а најмногу се манифестираат на економски план. Според статистиките, трговската размена во 2016 година достигнала 469 милиони долари, а Кина е третиот најголем трговски партнер надвор од Европа. Постои голем потенцијал за идна соработка и развој на билатералните врски, а во тој контекст Процесот 16+1 има клучна улога и особено проектите договорени во економската сфера.

- Со овој процес се проширија видовите на соработка и се стави акцент на економската соработка. Со оваа иницијатива се прошири опсегот на шаблоните на соработка меѓу 16 земји. Македонија е можне важен и интегрален дел од рамката 16+1 и градењето на Балканскиот пат, експресната линија со која имаме нови можности за соработка не само меѓу Македонија и Кина туку и меѓу сите земји од оваа експресна рута, која ќе минува и низ Србија и Унгарија, рече Вендонг.

Директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, Абдул Кадар Мемеди истакна дека проектот „16+1“ е успешен бидејќи се темели на принципите „победници на двете страни“, резултира со конкретни инфраструктурни проекти и не ги доведува во прашање нашите стратешки интереси за евроатлантско интегрирање.

На предавањето на кое присуствуваа претставници на други државни институции, МАНУ, универзитети, како и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи и Институтот CASS од НР Кина.

Кинескиот Институт за европски студии е дел од Академијата за општествени науки која е најголемата академска институција и е највлијателна тинк-тенк платформа во Кина и брои 39 институти на кои се ангажирани 3.300 истражувачи.


Текстот е прочитан 577 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter