Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.02.2017, 23:15

Викендов избегнувајте ја Грција

БЛОКАДАТА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ СО ГРЦИЈА ОГРОМЕН УДАР ЗА ЕКОНОМИИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО

За Евзони се бара помош од транспортерите од регионот

Македонските транспортери бараат меѓународна поддршка за деблокирање на граничните премини со Грција. Преку стопанската заедница "Македонија сообраќај - АМЕРИТ", транспортерите побараа меѓународните транспортни асоцијации да преземат итни акции и постапки кај надлежните влади за брзо деблокирање на граничните премини помеѓу Грција и Македонија.

Тие ги потсетија нивните колеги дека со блокадите на грчко-македонските гранични премини и на патниот сообраќај меѓу двете земји, веќе десет дена им се нанесуваат огромни и ненадоместливи штети на патните транспортери од Македонија и од регионот, како и на компаниите корисници на нивните услуги.
"Блокадата на граничниот премин Богородица - Евзони е огромен удар за економиите во регионот и, особено, за меѓународната трговијата и транспорт. Компаниите трпат огромни загуби со доцнењето на испораката на стоки, извозот на готови производи и увозот на суровини. Иако бизнис заедницата бара алтернативи решенија - пренасочување до другите гранични премини, сепак, постои ограничување и доцнења, што носат нови загуби", вели Емил Милев, управител на СИЗ "Македонија сообраќај -АМЕРИТ". Тој апелира да се почитува ТИР конвенцијата и другите меѓународни договори за транзит и слободно движење на стоките. Во случај на опструкција на меѓународен коридор (Коридорот 10, од Атина до Салцбург), меѓународната обврска е да се обезбеди премостување на протокот на стоки.
Покрај Евзони, Грчките земјоделци не ја исклучуваат можноста и граничниот премин Дојрани да го блокираат на неодредено време. Вчера блокадата на преминот Дојрани беше од 12 до 14 часот.
"Единствено сигурно е дека царината на Дојрани денеска ќе биде блокирана два часа. Не може да се исклучи можноста да го блокираме и на неопределено време. Тоа ќе зависи од резултатот од Генералното собрание и од она што ќе одлучи народот", изјави вчера Томас Карипидис , член на Комитетот за координација на блокадите во централна и северна Грција.

(Р.Ф.)


Текстот е прочитан 1403 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter