Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2017, 13:34

Здравје и убавина

Храна за добро расположение

Студените и тмурни зимски денови се непријатели на доброто расположение. Затоа, во зима почесто паѓате во депресивни расположенија кои потоа се обидувате да ги поправите со нафрлувањето на чоколадите, бисквитите, колачите.

Накратко, храната која не е добра ни за линијата, не е добра ни за здравјето.
Ист позитивен ефект на расположението може да се постигне ако во исхраната се внесат повеќе жита, како што се хељдата и овесот. Освен што го поттикнуваат производството на серотонинот (хормон за добро расположение), овие продукти се идеални за зимскиот период, зашто ја пренесуваат топлината и смирувачки дејствуваат на телото и на умот.
Почнете го денот со каша од жита за појадок, продолжете со тестенини од хељда за ручек и завршете со густа супа од овес за вечера. За да го зајакнете ефектот на загревање на овие јадења, во нив ставете зачини, како што се ѓумбир и лук, кои даваат извонреден вкус и нула калории.



На ниските, зимски температури одлично годат топлите супи, варива и општо, течните јадења кои се вистински сојузници на добрата линија. Таквите течни јадења побрзо даваат чувство на ситост. Освен тоа, помалку се калорични од сувите јадења: на тој начин може да заштедите и до 150 калории по оброк.
Сите јадења на база на зеленчук се повкусни ако се јадат топли. Тоа е причина зашто зимската супа од зеленчук ни е повкусна отколку густата супа од пасиран зеленчук во лето. Исто така, кремастото и топло пире од тиква е попривлечно отколку ладната салата од варен зеленчук.
За пијалак изберете ги топлите лесни напивки кои помагаат во чистењето на организмот: кафето заменете го со чај, кој прочистува, има диуретичко дејство и го спречува прераното стареење на кожата.


Текстот е прочитан 2606 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter