Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 13:51

ЈАКИМОВСКИ ОСТАНУВА ДОСЛЕДЕН НА СВОЈОТ СТАВ

Во Карпош нема да има зонско паркирање

ЈП "Градски паркинг" планира годинава да отвори зонски паркиралишта во "Лептокарија" во Карпош 3, како и на три улици во Карпош 1

На територијата на Карпош нема да се воведе зонско паркирање, тврди градоначалникот Стевчо Јакимовски. Ова е потврда на неговиот став изречен пред неколку години, кога првпат се заговараше воведување на паркирање по зони во делови од оваа општина, на кое Јакимовски се спротивстави. Тогаш тој нагласи дека решението на проблемот со паркирање во Општина Карпош не е во воведување зонско паркирање туку во изградба на нови паркинг-простори, кои граѓаните би ги користеле бесплатно.
Годинава, во својата инвестициона програма, јавното претпријатие "Градски паркинг" најави дека планира да отвори нови 1.500 паркинг-места во Скопје, а за 452 веќе има изработено и сообраќајни проекти. Според програмата, нови 148 зонски паркинг-места е предвидено да се отворат во Дебар Маало, 304 во Автокоманда, а зонски паркиралишта годинава се планирани и во "Лептокарија" во Карпош 3, како и на улиците "Мирка Гинова", "Иван Аговски" и на "Гиго Михајловски" во Карпош 1.



"Општина Карпош никогаш не побарала воведување зонско паркирање на ниту една локација на својата територија. Во конкретниов случај, потребна е согласност на Советот на Општина Карпош. Градоначалникот Јакимовски енергично тврди дека зонско паркирање на територија на локалната самоуправа ќе нема", велат од Карпош.
Останува да се види дали првиот човек на Карпош и овој пат ќе успее да се избори сите паркиралишта во Општината да останат бесплатни, а проблемот со паркирање да го решава со изградба на нови паркинг-простори.

(Ан. С. )


Текстот е прочитан 1638 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter