Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 18:10

ПОПУЛАРНАТА ФОЛК-ПЕЈАЧКА СТОЈНЕ НИКОЛОВА КУПИ СТАН ВО СКОПЈЕ

Си купив дом, сега е на ред дечко

Популарната фолк-пејачка Стојне Николова (22) си купи стан во Скопје, и веќе нема да патува на релација Струмица - главниот град. Таа вели дека станот е 60 квадрати, и веќе го средила по свој вкус.

"Среќна сум што веќе нема да патувам или, пак, да бидам под кирија. Шест години пеам, и за тоа време успеав да заштедам пари за половината, а за останатото подигнав кредит. Ангажирав фирма од Струмица која ми го средува комплетно станот, по мој вкус. Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Задоволна сум што на мои години успеав да се осамостојам, да не зависам од никого, а најмалку од семејството. Да беше татко ми жив, можеби поинаку ќе одеа работите,е и за мене и за моите двајца браќа, но ние не сме во состојба да чекаме помош од некого туку мораме сами да се погрижиме за сè. Среќна сум што постојано имам настапи, што заради купувањето на станот не се откажав од ништо.



Сето она што ми беше потребно приватно и за мојата кариера, го туркав како што треба. Оваа инвестиција нема да влијае врз купувањето нови песни. Напротив, публиката е на прво место и јас сакам постојано да ја изненадувам", вели Стојне.
Поради професионалните обврски, таа признава дека малку го запоставила приватниот живот. Но, вели, сепак уште е млада да размислува за мажење.
"Немам дечко и мојот приватен живот малку ќе почека. Ете, со нов стан можеби и нов дечко. Како и да е, убаво е кога си свој на своето и што нема да зависам од никого, па ни од дечко. Ете, си купив дом, доста седев под кирија, па кога веќе тоа го средив, сега е на ред да си фатам дечко, иако не брзам кога е во прашање љубовниот живот. Има време за сè, па и за дечко. Поважно ми е сама да се обезбедам отколку да чекам од друг", вели таа. (В.М.)


Текстот е прочитан 8009 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter