Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.02.2017, 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ глуми борба за демократија

ВМРО-ДПМНЕ денеска во пишано соопштение наведува дека начинот на работа на функционерите на СДСМ е богатење преку глумење борба за демократија и оти поради тоа оваа партија ги изгубила изборите.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ, и донирал 60.000 денари што било тројно помалку од парите кои на партијата и ги дале Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски.

- Шилегов, за разлика од Туфекџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе, па така за две години според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години, се вели во соопштението.

Јавноста, се додава во соопштението, има право да знае дали Шилегов по, како што истакнува, добро разработен план сам на себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа Шилегов? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

- Според сите индиции, Шилегов е новата Радмила Шекеринска која е позната по тоа што си изнајмува сама на себе станови за 5.000 евра. Тоа е начинот на работа на СДСМ. Тоа е и политиката на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Врескај и демолирај глумејќи борба за демократија, а зад камерите полни ги џебовите и сметките. Лидерот Заев отиде и чекор понапред, па цела јавност и на снимка можеше да види како бара по едно евро од квадрат за Вицето, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ


Текстот е прочитан 1021 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter