Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 11:32

СДСМ: Да се овозможи итно формирање нова влада за да ги имплементираме новите здравствени политики

Новата реформска Влада на граѓаните вистински ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Тоа е предвидено во Програмата на новата Влада на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од СДСМ, од каде се бара да се овозможи што побрзо формирање Влада со цел, како што велат, побрзо да се имплементираат новите здравствени политики.

Од СДСМ наведуваат дека здравствениот систем што ќе го воспостави новата влада ќе биде квалитетен и ефикасен и ќе се грижи исклучиво за потребите на граѓаните.

- Никогаш повеќе да не се повторат случаите на смртност поради криминални интереси, што донесоа неисправни и несоодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки умираат од недостиг на гинеколози, нема завои за рани по болниците, луѓето се лечат во руинирани здравствени установи, граѓани губат животи во расипани возила на Брзата помош, се вели во соопштението од СДСМ.

Партијата наведува дека во рамките на здравствените политики, новата Влада на граѓаните ќе основа нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, којашто ќе ги обедини сите служби на итна медицинска помош и ќе ги поврзува сите болници во Република Македонија.

Болничкото лекување, додава СДСМ, ќе биде бесплатно и достапно за сите, а медицинскиот кадар од јавното здравство ќе добие нормални услови за работа и повисоки плати, за, како што велат, да не заминува од државата. туку да остане во јавното здравство и мотивирано да се посвети на грижата за здравјето на граѓаните.


Текстот е прочитан 279 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter