Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.01.2017, 13:21

ЈП "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО":

Ќе продолжи сечата на тополи и суви дрвја

Сечата на тополите и сувите дрвја во Градскиот парк 2 од минатата недела е согласно Програмата за одржување јавни зелени површини и сечење дрвја, информираше директорот на ЈП "Паркови и зеленило" Душан Авировиќ.

Според него, сечата е
поради повеќекратната штетност што ја прават тополите и сувите дрвја и поради потребата од дрвна маса за загревање на пролетниот расад цвеќиња кое се врши со дрвјата што Јавното претпријатие ги сече во Скопје, а не подлежат на издавање каков било документ за нивно отстранување.
"Во текот на оваа недела ќе продолжиме исклучиво со сечење на тополи и суви дрвја за кои не е потребна никаква документација", појасни Авировиќ и додаде дека со Градот се договориле при секоја акција на "Паркови и зеленило" да има претставник од Секторот за комунални работи при Град Скопје.
Авировиќ информираше дека во изминатите осум години во Град Скопје се исечени 800 тополи, а во урбаниот дел се останати уште 70, кои пак се вметнати во програмата за отстранување во 2017 година. Минатата недела во Градскиот парк 2 исечени се пет тополи и три суви дрвја, платан, липа и јасен.
"Според програмата за оваа година имаме предвидено 4.040 високо квалитетни садници да ги увеземе и да ги посадиме. Во текот на есенската акција засадивме 2.020 увезени садници и 3.000 произведени во расадникот на Јавното претпријатие", истакна Авировиќ и појасни дека садниците ќе бидат посадени во урбаните средини, но и дека во план е подготовка на програма за пошумување на парк-шумата "Водно" и паркот на природата Гази Баба.

 

Исплатени околу милион денари за штети од паднати дрвја

Директорот информираше дека од деградираните дрва Јавното претпријатие трпи големи штети.
"Доколку некое дрво падне врз некое возило и тоа е означено за сеча, целокупната штета паѓа на товар на Јавното претпријатие", истакна Авировиќ и појасни дека доколку дрвото не е обележано, а падне врз возило, тие ќе побараат информација од УХМР за брзината на ветрот и доколку тој е над 80 километри на час штетата ја презема "Комунална хигиена". Минатата година Јавното претпријатие исплатило 960 илјади денари обесштетување за паднати дрва врз возила.


Текстот е прочитан 775 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter