Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 13:53

Груевски: Ќе се гради нов водовод во Гевгелија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил го поздравува почнувањето на изградбата на новиот водовод во Гевгелија.

- Одлична вест за жителите на Гевгелија. Денеска започнува изградбата на новиот водовод вреден над 1 милион и 710 илјади евра. Со неговата изградба, директни корисници на придобивките ќе бидат дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци. Исто така, директна корист ќе имаат и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково, вели Груевски.

Проектот предвидува изведба на четири бушотини, пумпни станици, хлорна станица, цевковод и резервоар за вода со капацитет од 1000 метри кубни. Вкупната должина на новоизградениот потисен и доводен цевковод ќе изнесува над 3.5 километри, а неговата изградба ќе трае помалку од една година.

- Ова е почеток на реализацијата на уште едно ветување од нашата програма. Со ова ќе се надминат проблемите со водата и директно ќе се влијае на подобрување на нејзиниот квалитет. За реализација на овој проект особен придонес даде градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и Владата, а истиот ќе се реализира во соработка со ЕУ и Светската банка, вели Груевски.

Нашата цел, додава тој, е подобрување на реалниот живот на граѓаните. - И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кои се подобрува секојдневието на граѓаните, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 568 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter