Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 20:04

„За заедничка Македонија“: Сорос да се тргне, а Хан да слушне дека Македонија е наша земја

Сорос, тргни ги рацете од Македонија, порачаа демонстрантите на денешниот масовен протест кој се одржа во Скопје во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Повеќе десетици илјади граѓани и вечерва излегоа на улиците и упатија гласни пораки дека нема да дозволат со туѓи платформи да се урива унитарноста на државата.

Во долгата поворка која се движеше од Владата, кон Собранието, покрај вообичаеното изобилство од знамиња и ленти во препознатливите македонски бои, носеа и транспаренти на кои имаше директни пораки упатени до мултимилјардерот Џорџ Сорос. Од него се бараше да ги тргне своите раце од Македонија и да ја остави земјата сама да си го развива својот пат кон иднината, без да и` се урива унитарноста со туѓи платформи.

Воедно од говорницата пред Собранието беа упатени пораки и до еврокомесарот Јоханес Хан, кој утре (вторник) треба да допатува во земјава. Организаторите на протестот, гневни што утре не се ставени на агенда за средба со Хан, ги повикаа насобраните да вежбаат за утрешниот собир.

Според најавите се очекува утре да се собере голема маса народ за да му се укаже на еврокомесарот дека македонските граѓани не сакаат уредување на земјата по волјата на туѓи, разнебитувачки центри и сили.


Текстот е прочитан 904 пати.
#
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните интереси
СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури
Димитриев: Нови и брзи избори единствен излез од кризата
Илиевски: Иванов вчера ни донесе голема победа
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
„За заедничка Македонија“ во одбрана на слободните медиуми
Хан: Брзо формирање влада и воздржување од разгорување меѓуетнички тензии
СДСМ: Мирен транфер на власта низ институциите на системот
Светот користи нови, а ние се враќаме на застарените инсулини

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter