Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.04.2017, 16:00

ПО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ, БРОЈОТ НА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА ОПАЃА

Расте бројот на абортуси кај тинејџерките

Бројот на регистрирани абортуси во земјава бележи тренд на намалување, но расте бројот на млади девојки до 20-годишна возраст, кои ја прекинале бременоста.

Ова го покажуваат официјалните бројки и од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број на регистрирани и пријавени абортуси во земјава опаѓа, а тренд на намалување е забележан и во 2015 година, која е последна година за која има збирни статистички податоци. Така, во 2015 година регистрирани се 4.587 абортуси или 19,9 на 100 живородени бебиња. Во 2008 година пак во земјава се регистрирани 5.900 абортуси, што е за 1.313 повеќе во споредба со 2015 година. Трендот на намалување продолжува и наредните години, така во 2009 година забележани се 5.601 прекин на бременоста, а во 2010 година 5.078 абортуси.
"По намалувањето на бројот на прекинати бремености, покачување е забележано во 2011 година кога се регистрирани 5.324 абортуси и во 2012 кога се регистрирани 5.387 абортуси, а потоа опаѓаат. Така, во 2013 регистрирани се 4.983, а во 2014 имало 4.738 абортуси", велат од Институтот за јавно здравје.
Д-р Вјоса Речица, од Институтот за јавно здравје, вели дека во случајов иако вкупниот број на абортуси опаѓа, загрижувачки се бројките на извршени абортуси кај млади девојки до 20-годишна возраст. Таа објаснува дека од 2008 година кога се регистрирани 146 абортуси кај жени до 20-годишна возраст, таа бројка во 2015 изнесува 217 или за 71 повеќе.
"Загрижува овој податок, бидејќи прекинот на бременоста носи и ризици, а кај помладите девојчиња ризикот од трајни последици врз репродуктивните органи е поголем. Наспроти тоа пак опаѓа бројот на абортуси кај жените на возраст од 35 години па нагоре. Така, од 1.980 абортуси извршени во 2008 година кај оваа возрасна група, во 2015 регистрирани се 1.530 абортуси", вели д-р Речица.
Од Министерството за здравство велат дека, според податоците од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, евидентно е намалувањето на бројот на регистрирани абортуси по направените измени на Законот за прекин на бременоста, кои беа донесени во 2013 година.

За четири години регистриран само еден нелегален абортус

Министерството за внатрешни работи изминатите четири години регистрирало само еден случај на нелегален абортус. Според податоците од МВР, овој случај е регистриран лани.
"На подрачјето на СВР Тетово регистрирано е кривично дело противправно прекинување на бременост и присилна стерилизација врз малолетно лице од селото Челопек. Во овој случај пријавени се двајца сторители, од кои едниот обезбедил финансиски средства, а другиот посредувал при пронаоѓање на лице кое го извршило абортусот врз малолетничката. Лицето кое го извршило прекинот на бременоста засега е непознато", велат од МВР.


Текстот е прочитан 683 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter