Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 13:42

ПИЛОТ-ПРОЕКТ "ЦЕНТАР СЕ ГРИЖИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ"

На пензионерите ќе им перат и ќе им готват по дома

Лицата над 64 години од Центар може да аплицираат за помош во перење, пеглање, плаќање сметки, купување лекови и слично, за што ќе плаќа Општината

Центар ќе им помага на возрасните граѓани, жители на Општината, кои имаат потреба од нега. Ќе им бидат понудени услуги перење, пеглање, плаќање сметки, купување лекови и слично. Општината почна проект кој нуди пакети за грижа на лица над 64 години.
"Во рамките на овој тримесечен пилот-проект, ќе бидат доделени 120 субвенции за 120 граѓани, кои секој месец ќе добиваат услуги во зависност од потребите", вели градоначалникот Андреј Жерновски.
Проектот предвидува оние граѓани што ќе добијат субвенции, прво да ги посети социјален работник, кој ќе ги утврди нивните потреби. Потоа, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, ќе се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.



"Лиценцирани негуватели ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно, за да се добие потребната нега. Формуларите за аплицирање ќе се добиваат во архивата на Општина Центар, а можат да ги подигаат и блиски роднини", велат од Центар.
Пријавите ќе ги разгледува стручна комисија, која изборот ќе гo прави врз основа на социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето што аплицира за помош.
Периодот за апликации почна вчера, на 27.12.2016, и ќе трае до 27 јануари 2017-та година.
"Во првиот период, од буџетот на Општината се одделуваат за оваа намена 1.600.000 денари, а во наредниот период, уште 1.600.000 денари. Јас и советниците ги повикуваме сите граѓани на Центар што сметаат дека имаат потреба од ваква помош, да поднесат пријава. Апликацијата и неопходната документација треба да се достават во архивата на Општина Центар", рече Жерновски.
За избор на фирма која ќе ги дава услугите, Општина Центар во текот на следниот месец ќе распише тендер. (М.И.П.)



Информации за проектот на 076/313-383

Доколку лицата не се во состојба лично да ги достават апликацијата и неопходните документи, може да се јават на телефонскиот 076-313-383 за да добијат понатамошни инструкции. На овој телефонски број можат да се добијат и сите дополнителни информации за проектот.
"Искрено се надевам дека овој проект ќе разбуди континуиран интерес кај граѓаните, и доколку успешно се реализира, ќе ми биде огромно задоволство да прерасне во редовна активност на Општината. Проектот 'Центар се грижи за возрасните' ќе биде одличен механизам за нудење помош на оние на кои им е најпотребна", рече градоначалникот Жерновски на промоцијата на проектот.


Текстот е прочитан 2346 пати.
#
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера
Стопирана изградбата на улицата на кејот
Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки
Со зеленило против загадувањето
Катадиоптри за подобра видливост во Ѓорче Петров
Пролетна акција на јавните претпријатија во Ѓорче

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter