Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 18:18

ПО ПОТРЕСОТ КОЈ ГО ПРЕДИЗВИКА ТРАМП СО НАЈАВАТА ЗА ОМЕКНУВАЊЕ НА БАНКАРСКАТА РЕГУЛАТИВА

Народна банка: Прерано е да се плашиме од нова финансиска криза

Не му беа потребни 100 дена од влезот во Белата куќа за да го исплаши светот оти му се заканува нова финансиска криза.

Новиот претседател на САД Доналд Трамп направи потрес со предлогот за помека регулатива на работењето на банките. Реагираше дури и претседателот на Европската централна банка Марио Драги: "Последно што ни треба во овој момент е релаксирање на регулацијата. Идејата за повторување на условите кои важеа пред кризата е нешто што е многу загрижувачко".
Народната банка на Македонија вели дека планот на Трамп за дерегулација е наведен во два акта: извршна наредба за базичните принципи на финансискиот систем и меморандум за повторно разгледување на правилата на поверениците (фидуциарѕ дутѕ руле).
Извршната наредба има цел да ја насочи стратегијата за финансиска регулација во насока на донесување на издржани одлуки и зголемување на можностите за инвестирање од економските субјекти, намалување на одговорноста на даночните обврзници за спасување на банките во иднина, насочување кон проблемите на морален хазард и информациона асиметрија, зголемување на конкурентноста на американските компании, истакнување на американските интереси во преговорите и состаноците за меѓународна финансиска регулатива, зголемување на ефективноста, ефикасноста и соодветноста на регулативата и обновувањето на отчетот пред јавноста на разните тела за финансиска регулација.



Извршната наредба му дава насоки на министерот за финансии, во рок од 120 дена, во содејство со раководителите на телата за финансиска регулација првично да извести за тоа колку постојната регулатива е во согласност со принципите содржани во извршната наредба. После овој рок, ќе следат и периодични известувања за истото. Меморандумот за поверениците се однесува на повторно разгледување на правилото, донесено од администрацијата на Обама, кое треба да стапи во сила во април 2017, а се однесува на обврските на инвестиционите советници за пензиони фондови, во нивно својство на повереници на вложувачите.
Народна банка посочува дека актите се од понов датум и неизвесни се нивните ефекти, но несомнено е дека планот на Трамп оди во насока на поедноставување на постојната американска финансиска регулатива, која во годините по светска финансиска криза стана мошне обемна.
"Прерано е да се говори какви импликации би имале политиките на новиот претседател Доналд Трамп (имајќи на ум дека неговата администрација е во фаза на комплетирање). Она што суштествено треба да се нагласи е дека развиените светски економии поминаа долг процес на дополнителна регулација и заздравување од претходната финансиска криза, и со сигурност може да се каже дека состојбата на истите денес е далеку подобра од почетокот на последната криза", ни изјави Народна банка.
(А.С.)


Текстот е прочитан 952 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter