Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 13:56

НБА

Харден влезе во историјата, но Рокетс загуби

Џејмс Харден стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој во една сезона постигнал повеќе од 2 000 поени и асистирал за повеќе од 2 000 поени.

Ол-стар плејмејкерот на Хјустон рокетс, сепак, не успеа да го спаси својот тим од пораз против Голден стејт вориорс, и тоа на домашен терен, со 113:106.
Против "воините", Брадата стигна до 20. трипл-дабл оваа сезона, со 24 поени, 11 скока и 13 асистенции. Стефан Кари со 32 поени и Клеј Томпсон со 25 го предводеа лидерот во Западната конференција до нова победа.
Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ одигра клучна улога за Портланд трејлблејзерс во победата над Денвер нагетс дома, од 122:113, на меч што значеше и директна битка за осмото место и пласман во плејофот. Си-Џеј Меккалум беше прв стрелец на натпреварот со 39 поени, додека Нуркиќ оствари рекордни 33 поени и 16 скока за него, со што Портланд го мина Денвер и се искачи на посакуваното осмо место во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот-Милвоки 108:118, Индијана-Минесота 114:115, Атланта-Феникс 95:91, Бруклин-Филаделфија 101:106, Детроит-Мајами 96:97, Хјустон-Голден стејт 106:113, Портланд-Денвер 122:113, Лејкерс-Вашингтон 108:119.


Текстот е прочитан 461 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter