Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 14:39

ССК: Воведувањето на ИКТ, услов за поголема конкуретност на компаниите

Македонските компании мора да ги имплементираат комјутерските системи доколку сакаат да бидат конкурентни на пазарот и да ја зголемат ефективноста и ефикасноста во работењето, порачуваат од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Оттаму истакнуваат дека компаниите коишто нема да го следат технолошкиот напредок, ризикуваат да останат надвор од пазарот.

- Како држава заостануваме во имплементацијата на ИКТ технологиите во стопанството. Затоа сакаме да ги поттикнеме компаниите похрабро да влезат во инвестиции во информатичкиот дел, рече претседателот на ИКТ комората Саша Огненовски на денешната прес-конференција.

Од друга страна, како што посочи Огненовски, македонските компании се соочуваат со недостиг на веќе обучен ИКТ кадар.

- За жал, се соочуваме со ситуација искусните кадри во ИКТ секторот да бидат веќе ангажирани така што има недостиг од стручен кадар. Се уште има продукција на ИКТ кадар во високото образование којшто би требало да ја задоволи потребата на компаниите, но тоа е кадар којшто нема доволно искуство и треба дополнително да се дообучи во компаниите, рече Огненовски.

Она што останува предизвик на македонските компании во иднина е да работат на привлекување и задржување на младите ИКТ кадри во домашните фирми, наместо тие да бидат ангажирани во странски компании.


Текстот е прочитан 260 пати.
#
Илиевски: Голема победа за нас, не е избран претседател на Собранието по терк на Тиранската платформа
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter