Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 17:15

Иванов за „Винер Цајтунг“: Влада без мандат од претседател ќе нема легитимитет

Правно неиздржано е да се формира влада без определен мандат. Таквата влада би била без легитимност од претседателот, односно без уставна основа, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“.

Прашан за евентуална можност да се бира Влада во Собранието, без определен мандат од страна на претседателот, Иванов со став дека тоа е правно неиздржано. - Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Согласно член 90 од Уставот, само претседателот на државата може да го определи мандатот за состав на Влада. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза, вели Иванов.

Во интервјуто, претседателот Иванов објаснува дека од прогласувањето на независноста на Република Македонија, секогаш прво пласираната партија на изборите го добивала мандатот за составување на Влада.

-По изборите на 11 декември, јас го сторив она што и јас и моите претходници секогаш сме го правеле, на победникот на изборите му се доделува мандатот за состав на Влада, вели македонскиот претседател.

- Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна, одговара претседателот Иванов.

На прашањето „кој бил повикувачот“, Иванов одговара: „Вие сте новинар. Вие можете да го истражите тоа“.

Прашан што ќе се случи доколку некогаш се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци и посака да состави Влада, Иванов со став дека на таква коалиција нема да го даде мандатот.

- Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини, вели Иванов посочувајќи на Тиранската платформа како политичка пречка.


Текстот е прочитан 470 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter