Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2017, 13:14

ДИЗАЈНЕРКАТА ОЛГИЦА ЃОРГИЕВА СО ДЕТСКА КОЛЕКЦИЈА

Мајка и ќерка со ист стил

Дизајнерката Олгица Ѓоргиева подготвува детска колекција. Станува збор за елегантни и стилски модни парчиња, реплика на парчињата од колекциите за жени од последните две-три години.

"Ова е идеја која ја имам од поодамна, меѓутоа, некако поради поголемиот број на обврски ја одложував. Мислам дека конечно му дојде времето на овој проект. Секоја мајка, кога има некоја прилика, сака да најде нешто посебно, различно и уникатно за своето дете, мислам дека ќе понудам успешно решение за побарувачката. Константно ќе има нови парчиња и секако во секое време ќе може да се нарача од тоа што веќе постои. Дефинитивно тоа ќе биде облека која реално нема да можат да ја најдат во секоја продавница и да ја препознаат во секое второ дете. Во целиот проект ќе бидат вклучени и приватните нарачки, кои во целост ќе ги задоволат барањата на клиентот", вели Олгица.
Детската колекција е само почеток на проектите за 2017 година.
"Пред мене претстои многу работа оваа година. Треба да се реализираат неколку поголеми проекти, кои на некој начин ќе ја заокружат мојата 10-годишна кариера и ќе ме однесат на едно ново ниво, со многу нови предизвици. Успеав сите овие години да го задржам својот континуитет и да вадам по две колекции годишно, да изградам свој препознатлив стил, да изградам свој круг на клиенти со кои имам прекрасна соработка, да направам добро портфолио. И најбитно од сè е што низ сите овие години успеав да ја задржам љубовта, енергијата и поривот за создавање во оваа работа", вели Ѓоргиева. (Л.С.)


Текстот е прочитан 6221 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter