Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.02.2017, 08:13

ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ" ВО МОБ

Викенд со нова опера за деца

Во сабота и недела, на малата сцена во Македонската опера и балет, премиерно се игра детска претстава "Операта на шумските животни", по сценарио и режија на Десанка Глигоријевиќ.

Ќе бидат изведени по две претстави , од 12 и од 13:30 часот, и денес и утре. Од МОБ велат дека сценариото на оваа музичко-сценска претстава има цел да ја запознае, едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност, а наедно и со композитори, оперски пејачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите "Кармен", "Палјачи", "Аида", "Травијата", "Рита".
Настапуваат: Лиска - Симона Петровски/Надежда Рубен, Меца - Марика Поповиќ/ Катерина Бошковска, Зајко - Јане Дунимаглоски /Дејан Стоев/Борко Биџоски, Був - Невен Силјановски.

(Н.П.)


Текстот е прочитан 1260 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter