Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 13:37

Јуниор лигата носи и награди по победа следи и шопинг

Ракометната академија Вардар овозможува многу натпревари во текот на годината за младите ракометари.

Децата на возраст од 2000 година и помали во текот на целата година имаат можност да играат натпревари во Вардар Јуниор лигата, а за време на паузата, односно зимскиот распуст се натпреваруваат на зимскиот турнир Еден живот, една љубов". Овие натпревари за девојчињата од Вардар Виница се и можност да видат до каде се во однос на противниците, но кога денот завршува со триумф - и шанса да прослават и да се почестат во шопинг.

Стефанија, Тамара и Јована се дел од тимот на Вардар Виница во генерацијата 2000/01, кој на зимскиот турнир се пласираше на 4. место од вкупно 8 екипи, а во Вардар Јуниор лигата по шестото коло се на второ место. Со девојчињата разговаравме еден ден пред натпреварот за третото место. Играа со Карпош Вардар од Куманово и изгубија со 11:14.

За Јована Митровска од секогаш постоела љубов кон спортовите, но вели дека ракометот најмногу се допаднал.

Ракомет тренирам три години, и од почетокот сме дел од Ракометната академија Вардар. Тоа значи дека со тимот учествувавме на сите три зимски турнири досега, а ова ми е втора година учество и во Вардар Јуниор лигата. Сите овие натпревари ми помогнаа да ја развијам и унапредам играта, зашто со секој натпревар имам и поголемо искуство и успевам да го применам она што го тренирам. Имаме и одлични резултати, и многу се радуваме на победите. Денеска имавме два натпревари и во двата победивме и попладнево ќе одиме малку да прославиме со шопинг, зашто нема време за славење. Треба рано да легнеме, зашто утре имаме важни натпревари и треба да сме одморени", вели Јована.

Девојките велат дека голема поддршка и мотивација за победа добиваат од тренерите Петар Бошевски, Александар Бошевски и Зоран Бошевски, што се гледа и во резултатите кои ги постигнуваат.



Според Тамара Вучкова токму таа поддршка од тренерите и помогнала да се вклучи во тимот.

Тренирав кошарка 5 години, но се роди желба за ракомет и со напорни тренинзи и поддршка од тренерите успеав да се вклучам во тимот и да имаме одлични резултати. Тоа го покажува и втората позиција во Вардар Јуниор лигата. Задоволни бевме и од минатогодишниот настап во лигата, но тогаш игравме како академија со девојки од Карпош Вардар и од Бисинов Вардар. И тоа имаше убава страна, односно стекнавме нови пријателства, но во однос на тренинзите поедноставно е кога сме целата екипа од еден тим. И секогаш гледаме нешто ново да научиме, учиме финти и од противниците, но учиме и кои грешки ги правиме и се трудиме да се корегираме", вели Тамара.

Голем предизвик за девојките на турнирот беше натпреварот со Делчево Вардар, зашто тие не учествуваат во Вардар Јуниор лигата. Впрочем на турнирот се натпреваруваат над 1200 деца, односно, учествуваат и тимови кои не се дел од лигата, што според Стефанија Стоименова е убава можност да се запознаат со млади ракометари кои не ги среќаваат во лигата и да видат кој подобро напредува.

Ракометната академија Вардар ни овозможува многу натпревари и за овие три години како сме дел од Академијата, апсолутно ми ги исполнија очекувањата. Има одлична организација, а ние запознаваме нови пријатели, но клучни се натпреварите преку кои си докажуваме сами на себе колку сме научиле и сме напреднале. Ја забележувам разликата во играта како кај мене така и кај девојките од мојот тим. Во однос на првите натпревари пред три години до сега има голема разлика. Победивме и противници кои не сме ни сонувале дека ќе ги победиме. Секоја од нас оди на терен за победа и игра за победа. Клучна ни е меѓусебната поддршка како тим, но и мотивацијата од тренерите, а голем мотиватор е и чуството после победа", вели Стефанија.

За девојките од Вардар Виница ќе може да навиваме во втората половина на февруари, кога се очекува да почне втората полусезона од Вардар Јуниор лигата.


Текстот е прочитан 738 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter