Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.02.2017, 15:44

Ахмети: Се разгледува и опцијата ДУИ да остане во опозиција

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред денешната седница на Претседателство на партијата што се одржува во седиштето во Мала Речица изјави дека ќе разговараат за неколку опции за евентуалното учество на партијата во новата влада.

На новинарско прашање, лидерот на ДУИ одговори дека ќе се разговара и за опцијата ДУИ да остане во опозиција.

Во седиштето на партијата во Мала Речица пристигнаа членовите на претседателството на ДУИ кое треба да ги продолжи внатрепартиските разговори за составување нова влада со СДСМ, но нема информација дали состанокот започнал.

Претходно денеска Ахмети на средбата со британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан најави дека на средбата ќе се разговара за можностите и за опциите на ДУИ имајќи ги предвид изборните резултати, но исто така опфаќајќи ги и можностите на останување на партијата во опозиција.

Ахмети посочил и дека во донесувањето на својата одлука ќе ја земе предвид волјата на гласачите на ДУИ Албанци, но и очекувањата на граѓаните и меѓународни пријатели.

- Земјата ја очекуваат многу предизвици и ДУИ ќе има конструктивна улога, истакнал Ахмети, според соопштението од партијата.


Текстот е прочитан 885 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter