Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.12.2016, 13:17

СЛИКАРОТ ОД БАЈКИТЕ СО 90 ДЕЛА ВО ДАУТ-ПАШИН АМАМ

Ретроспективна изложба на Вангел Наумовски

Во НГ Даут-пашин амам, вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба "Вангел Наумовски".

Ќе бидат изложени речиси 90 дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски, од кои најголем дел се сопственост на семејството Наумовски од Охрид, дел за првпат се презентираат во изложбен простор, а дел се од голем број приватни сопственици и институции од земјава и од просторите на поранешна Југославија.
Куратор е Маја Чанкуловска - Михајловска, и таа во обемната монографија објавена со изложбата пишува текст со наслов "Сликар од бајките". Вели дека за охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети кои го претставуваат како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта. "Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него", вели Чанкуловска - Михајловска.



Иако самоук сликар, тој се вбројува меѓу малиот број уметници од Македонија кои достигнуваат најголема афирмација и надвор од земјата уште за време на неговите најактивни творечки години. Наумовски има автентичен израз кој се карактеризира со наива и надреално, а потоа и со фантастичен надреализам.
Ретроспективната изложба и монографското издание се дел од заложбите на Националната галерија за афирмација на уметничкото наследство што Галеријата го има во својата збирка како долг кон значајните легати и големите уметници од македонската историја. (М.За.)


Текстот е прочитан 775 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter