Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 11:42

Поддршка за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на ЕПП во Малта

На конгресот на Европската народна партија во Малта на кој се дискутираше за предизвиците на Балканот и негова брза интеграција во Европската Унија е изразена поддршка од сестринските партии за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ, која ја претставува делегација предводeна од претседателот на партијата Никола Груевски.

Во име на Европската народна партија се обрати и словенечкиот политички лидер Јанез Јанша кој даде поддршка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Јанша изјави дека Европската народна партија секогаш ќе продолжи со поддршка на сестринските партии и оти е недозволиво примена на селективна правда и финансирање нестабилност со соросови пари како што е случајот во Македонија.

- Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија, рекол Јанша пред европските лидери и раководството на Европската народна партија.

Меѓу усвоените резолуции на когресот во Малта е и „Европа ја обезбедува иднината” во кој е вклучен и Западен Балкан. Во таа резулуција, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, изрично стои дека државите од Западен Балкан во кој спаѓа и Македонија мора да бидат интегрирани во Европската Унија.

- Скорешната историја ни дава посебна одговорност за Западен Балкан. Единствено интеграција во ЕУ може да обезбеди сигурност од конфликтност и дезинтеграција, стои во резолуцијата и се додава дека целосно членство во Европската унија не значи само партнерство туку и градење други форми на соработка од сестран карактер со кои ќе се зацврсти и самата унија.

Исто така, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се носи и резолуција во која се критикува и осудува руското мешање во европските држави преку пропаганда, дезинформирање, вклучувајќи медиуми, дипломатија, бизнис секторот. Во резолуцијата се вели дека Европската народна партија е за добрососедска политика вклучително и Русија, но нема да се дозволи руско мешање во политиките на Европската унија.

Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот, според Груевски, е важно за лобирање за стратешките интереси на Македонија и за актуелната политичка ситуација. Во Малта Груевски се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Јанез Јанша од Словенија, домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Шмид , Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

- Се обидуваме секаде каде можеме да лобираме за Република Македонија и за државните и национални интереси. Многу е значајно кога ќе им се каже од прва рака на присутните она што е важно за Република Македонија и за нејзината иднина, напредок, евроатланските интеграции и интереси. Истовремено информираме за се она што се случи во Република Македонија на политички план и се она со што народот, граѓаните на Република Македонија се соочуваат во овој период. Има луѓе кои не се запознати со случувањата и потребно е некој да ги информира и објасни, изјави Груевски.


Текстот е прочитан 834 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter