Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 13:39

ВЕЧЕРВА ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ

Археолошкото богатство на 10. годишна изложба

Вечерва во 19 часот, во Археолошкиот музеј ќе биде отворена 10-тата годишна археолошка изложба "Декада на активирање на археолошките ресурси на Република Македонија".

Десет години наназад, Управата за заштита на културното наследство ја координира категоријата Капитални проекти во археологијата на Република Македонија, со поддршка на Владата.
На 10-тата археолошка изложба ќе бидат презентирани најзначајните пронајдоци од следниве локалитети: Скупи, Таор, Старо Бонче, Археолошки катастар, Локвени, Маркова Кула, Корешница, Исар Марвинци, Кокино, Градиште, Младо Нагоричане, Билазора, Стоби, Велешко кале, Вардарски Рид, Баргала, Зрзе, Стибера, Исарот во Штип, Цареви кули, Хераклеја, Трескавец, Висока, Плаошник, Самоилова тврдина, Музејот на вода, Тетовското кале.
На сите овие локалитети работеа екипи од подрачните заводи и музеи, како и од Институтот за старословенска култура од Прилеп и од Филозофскиот факултет во Скопје.
За една деценија се реализирани 40 проекти во сите делови на Македонија.
Како што велат од Археолошкиот музеј, фокусот е ставен на изградба на централна археолошко-туристичка магистрала по должината на долината на Вардарската магистрала или, како што ја нарекоа археолозите, Европска магистрала; потоа на изградба на најатрактивните археолошко-туристички места, како Охрид, античкиот Лихнид и други; изградба на дигитална база на податоци на Археолошкиот катастар, прва фаза со теренско истражување и снимање на хоризонталните планиметрии на старите градови и тврдини во Македонија; поддршка и соработка на македонските локални заедници, преку активирање на истражувањата на најзначајните археолошки локалитети - фаворити, кои се вклучуваат активно во нивниот развој преку културата, односно археологијата и туризмот; античкото кралство Македонија и Република Македонија; ранохристијанските базилики во Македонија; долината на кралевите - реката Астибо, Брегалница.



Во рамките на интензивните теренски археолошки истражувања, беа третирани најмалку 1 000 археолошки локалитети, при што беа откриени повеќе од 500 илјади археолошки артефакти.
Изминативе години интензивно се истражуваат градовите Скупи, Стоби - центарот на Македонија Втора, Хераклеја Линкестидска, Лихнид, Билазора, Астрајон, Стибера, најголемата античка македонска стратегиска база Кулиште Св. Еразмо, Кале Зрзе, Тетовското кале, Плаошник и Самоиловата тврдина во Охрид, високиот град - светилиште и манастир Трескавец, Пелагонија највисокиот антички град во Европа, средновековниот град Кожле, предисториската населба кај Пештани на Охридското Езеро. (Н.П.)


Текстот е прочитан 555 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter