Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 15:32

Проширување на топловодната мрежа и пониска цена на парното за намалување на загадувањето

Проширување на топловодната мрежа, субвенциии за печките за пелети и предлог за забрана за користење на јагленот и други цврсти горива се темите за кои денеска разговараат градоначалниците на скопскиот плански регион за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

Состанокот го организира градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и на него се поканети сите градоначалници од Скопскиот плански регион.

- Ве повикувам сите заедно да работиме на решавање на овој предизвик. Ги повикувам сите градоначалници и ние како Град Скопје и централната власт да се ангажираме и да се вклучиме за заштита на амбиенталниот воздух и на загадувањето во градот Скопје, истакна Трајановски.

Според него проширувањето на топловодната мрежа во општините на градот Скопје како и неговото субвенционирање од страна на општините ќе придонесе за намалување на загадениот воздух. Разговарано било и за тоа сите станови да бидат вклучени на топификациската мрежа и дека ќе упатат апел до БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика за да размислат да ја намалат цената за парно греење.

Од Градот предложиле и останатите општини да го следат примерот на Општина Центар да ги сувенцираат граѓаните за купување на велосипеди и да изградат велосипедски патеки. На сотанокот разговарале и за гасификација на Град Скопје, за која градоначалникот рече дека се надева со формирање на владата да се објави новиот тендер.

Градоначалникот информираше дека ќе ги зголемат контролите кај фирмите кај кои издале Б интегрирани дозволи, но и дека контроли ќе има и кај компаниите со А интегрираните дозволи.

Конкретни мерки според градоначалникот Трајановски ќе бидат донесени по состанокот.

На новинарско прашање зошто Градот не воведе пар-непар за возилата градоначалникот рече дека тоа не е во нивна надлежност и дека тоа треба да го спроведат министрствата за животна средина, здравство и за внатрешни работи.

Град Скопје од завчера почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, а градоначалникот Трајановски посочи дека и општина Чаир побарала третирање на улиците на нејзината територија.


Текстот е прочитан 1121 пати.
#
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter