Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 12:26

ЛИНО ЧЕРВАР ПОВЕЌЕ НЕ Е СЕЛЕКТОР НА НАШАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Чао Македонија за Липа моја

Трофејниот стратег ја откачи Македонија со зборовите Хрватска е мојот роден крај, мојата земја....

Сагата со Лино Червар доби своја завршница. Хрватскиот стратег по 10 месеци работа одлучи да го напушти кормилото на македонската ракометна репрезентација за да ја презеде Хрватска.
Иако во неколку претходни наврати Лино потенцираше дека нема намера да си замне од селекторската функција на нашата репрезентација, сепак, преговорите предводени од претседателот на Хрватскиот ракометен сојуз Зоран Гобац вродија со плод.
Дали тоа ќе биде со репрезентацијата на државата во која сум роден, во која имам основано семејно гнездо, во која се изградив, развивав и афирмирав како ракометен тренер и ги постигнав најголемите светски успеси и во која, кога-тогаш морам да се вратам и вечно да останам, или да се одредам за репрезентацијата на една мала, горда држава, мојата втора татковина, која ме дочека и прифати како свој тренер, на кој му даде се што можеше да му се даде? Сепак ја одбрам Хрватска, мојот роден крај, мојата земја , стои во дописот на Червар испратен до РФМ.
По заминувањето на Жељко Бабиќ, ХРС бараше искусен тренер кој ќе може да ги предводи коцкеститее кои идната година ќе бидат организатори на Европското првенство. На домашен терен, предводени од Червар желбата е освојување на златниот медал. Колку е тоа реално, останува да се види.
Откако се одлучи на ваков потег, непознато е дали Лино ќе остане до крајот на сезоната тренер на Металург, или пак, ќе се одлучи да замине во наредните денови.
Од ракометната федерација на Македонија потенцираа дека во најскоро време ќе ги мобилизираат ресурсите и во ракмите на Федерацијата ќе формираат тело за селекција на потенцијалните кандидати за испразнетото место на позицијата селектор.


Текстот е прочитан 1425 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter