Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 13:56

ТЕНОРОТ НАЦОСКИ СО ПОВРЕДА И СО УСПЕХ ЈА ЗАВРШИ ПРЕМИЕРАТА НА "ТУРАНДОТ" ВО КИНА

Крвавата глава не ме спречи да пеам

Македонскиот тенор Благој Нацоски кој деновиве доживува голем, нов успех во Кина, во петокот вечер си ја раскрвавил главата трчајќи да влезе навреме на сцена, во последниот чин на премиерата на "Турандот" од Пучини, во Операта во Тјанжин.

Македонскиот тенор со светска слава, во Кина е од 11 декември каде настапува во оперите "Турандот" и "Свадбата на Фигаро".
Тој ни рече оти брзајќи на сцена во последниот чин силно ја удрил главата од вратата која води директно на сцена. "Вратата е пониска од мене, и јас во трчаницата не се наведнав доволно. Ударот беше навистина силен, како и болката, а и крв течеше на сите страни. За мене во сета таа мешаница најважно ми беше да излезам на сцената и да не дозволам да се забележи каков било проблем, или застој. Земав едно марамче, го ставив на раната и излегов навреме. За некој како мене кој е буквално израснат во театар, претставата е нешто свето. Сè помина во ред, имавме и огромен успех на премиерата, а и на репризата која се одржа синоќа, особено јас лично морам да признаам", ни раскажа Нацоски.
Македонскиот уметник искажува огромна благодарност кон Театарот за големата грижа што по претставата ја добил од повеќемина лекари, поддршката од колегите од Хорот, Оркестарот и од солистите. Повредата била санирана без потреба од шиење на раната, а Нацоски вели се чувствува добро.
По Тјанжин, Нацоски заминува во Харбин, каде настапува во новата опера таму, што вели е објект од соништата. Ангажманите во Кина, на омилениот тенор за македонската јавност завршуваат на 2 јануари. (Б.Н.)


Текстот е прочитан 1224 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter