Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 21:34

ВМРО-ДПМНЕ по средбата на Груевски со сер Данкан: Предложивме нови избори за стабилна Македонија

Актуелните политички случувања во Македонија и чекорите кои би се преземале во иднина, беа тема на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнале оти во Македонија има политичка криза која требаше да се разреши со избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ победи со 51 пратеник, а опонентот СДСМ имаше 49 пратеници. Укажале, како што соопштија, на правилото победникот кај македонските гласачи да мора секогаш да коалицира со победникот кај албанските гласачи.

Бидејќи сме мултиетничка земја, стои во соопштението, има едно правило кое што во минатото албанските партии бараа да биде и закон, а не само принцип. ВМРО-ДПМНЕ тогаш посочи дека е подобро да остане само на ниво на принцип бидејќи ќе беше многу невообичаено да се преточи во закон, а станува збор за правилото победникот кај македонските гласачи да мора секогаш да коалицира со победникот кај албанските гласачи. На тоа најмногу апелираше и инсистираше токму партијата ДУИ. На оваа тема имаа многу интервјуа и прес-конференции, особено што и меѓународната заедница не' советуваше тоа да го прифатиме како принцип. Сите тогаш посочуваа дека сме мултиетничка земја, дека не треба да гледаме како е во другите држави бидејќи кај нас е специфично, и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифати и применуваше се додека зависеше од нас. Самиот претседател на ДУИ тврдеше дека ако не се земе најголемата партија кај Албанците во власта ќе има дефакторизација на Албанците во државата и газење на нивната волја. Сега прв пат дојде обратна ситуација, сега од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада, истакнале од ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението, британскиот државен министер Данкан прашал кој е статусот на правилото за коалицирање на победничката партија кај Македонците со победничката партија кај Албанците, на што од ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека се тежнее очигледно на тоа статусот кој досега важеше, отсега да не важи, како и дека доколку се случи тоа ќе имаме дефакторизација на Македонците и нивна мајоризација, газење на волјата на мнозинството на Македонци и се обратно зашто ДУИ досега се залагаше. Од ВМРО-ДПМНЕ додале и дека доколку сега се случи прекршување на принципот, тој во иднина никогаш повеќе нема да важи бидејќи победникот повеќе би добил во коалициските разговори од вториот или третиот по ред поголем партнер, отколку што би добил од најголемиот партнер за разговори.

Во однос на можните последици од прекршување на овој принцип од ВМРО-ДПМНЕ посочиле дека се можни тензии и притисоци од членството.

- Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на тој принцип, затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас, појасниле од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Данкан, стои во соопштението, праша и што ќе се случи ако ДУИ решат да одат со СДСМ и со другите помали албански партии, дали тоа ќе е нелегитимна влада, на што од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во нашето општество на тоа се гледа како на нелегитимна влада заради нарушениот принцип „победник со победник“, а посебно проблематично е што ДУИ преку ова коалицирање сака да издејствува неуставен закон за употреба на албанскиот јазик.

- Ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ќе има тензија, луѓето се вознемирени, тоа е главната тема во нашата држава. Македонците поради тоа се длабоко фрустирани особено што ова се прави поради неуставен закон за двојазичност на целата територија. Не сме убедени и дека една таква влада може да ги постигне тие цели во една таква атмосфера. Затоа предложивме дека е добро да се направат нови парламентарни избори, одговориле од ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот британски министер Алан Данкан, според ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека заеднички интерес е да се остварат долгорочните цели на државата врзани со нејзините приоритети и нејзините интереси.

- Што се однесува до формирањето на Влада, тоа не е наша работа. Тоа е ваша работа, работа на партиите, навел Данкан, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на улогата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од страна на ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека СЈО беше создадено да ги истражи работите кои произлегле од, како што соопштуваат, креираните материјали од сниманите телефонски разговори кои излегоа во јавноста.

- И ние тоа го подржувавме, мислевме дека ќе биде фер и ќе работат на транспарентен начин. Беше повикан обвинител од САД да ги советува работните групи како подобро да се реализира идејата. Тој кажа дека не е добро СЈО да има мандат на подолг период и дека треба да се ограничи неговиот мандат со цел земјата да не биде предолго во тензична ситуација и со институција која е ад-хок. Наш предлог беше тоа да биде една година за да може да отворат истраги за да доколку најдат некои реални докази да отворат обвинение. Бројот на телефонски разговори дотогаш се знаеше и се беше јавно. Нашите опоненти рекоа дека рокот треба да е две години. На крајот претставниците на меѓународната заедница рекоа дека рокот може да е година ипол. И тоа беше прифатено од страна на сите страни и потпишано, стои во соопштението.

Два месеца откако почна да работи Катица Јанева, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, таа отпушти двајца обвинители од вкупно 14. Медиумите ја прашаа зошто, на што одговори дека немаат толку голем обем на работа за толкав голем број на обвинители. Два месеци подоцна во април 2016-та обвинителката објави дека и' е потребно продолжување на рокот за работа бидејќи имала многу работа. Ние бевме зачудени, и доколку е тоа навистина така и тогаш го осознале, и предложивме да земе поголем број на обвинители и да ангажира повеќе луѓе, колку што и' требаат, се со цел да не се тероризира општеството. Таа тоа го одби, и' до ден денешен таа го одбива тоа. Не прифаќа поголем број на луѓе. Нашата позиција е дека треба да си останеме на договорот потпишан од сите страни, независно што СЈО покажа дека работи благо кажано непрофесионално, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Посочиле дека СЈО се претворило во партиски огранок на СДСМ и оти гледаат дека станува збор за хајка, а не за правен инструмент кој треба да доведе до реално преставување на работите што се случувале. Вршат неверојатен притисок врз судот и говорат дека се многу поддржани од претставници на меѓународната заедница во Македонија. Кога би биле поддржани професионално да ја вршат својата работа, тоа би било одлично. Но тие тоа не го имаат разбрано така, туку како поддршка да прават што сакаат и да се занимаваат со политика, а не со право, навеле од ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадорот Гарет прашал која би била реакцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ не направи влада со ДУИ, односно кои се следните чекори и дејства на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ја изрази волјата на своите избирачи, на што од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека за тоа ќе информираат кога ќе се донесе одлука за тоа, како и дека има долга листа на чекори, но што од тоа би одбрале не би можело да биде соопштено во овој момент.

На средбата присуствувале и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за меѓународна соработка Александар Николоски.


Текстот е прочитан 1587 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter