Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:48

НБА - СО 41. ТРИПЛ-ДАБЛ СЕЗОНАВА

Вестбрук израмни рекорд стар 55 години

Расел Вестбрук го израмни рекордот за кој многумина веруваа дека никогаш нема да биде достигнат.

Ол-старот на Оклахома сити тандер го постави 41. трипл-дабл оваа сезона, со што го израмни учинокот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961-1962.
На мечот со Милвоки бакс, Вестбрук имаше ефект од 12 поени и по 13 скока и асистенции, со што му донесе триумф на тимот, и тоа на домашен терен од 110:79.
Вестбрук стигна до трипл-дабл на стартот од третата четвртина. Тој во период од неколку секунди имаше скок и асистенција за трипл-дабл, по што доби стоечки овации и публиката почна да скандира "МВП".
- Ова е специјална ноќ, која никогаш нема да ја заборавам. Среќен сум што стигнав до рекордот тука, во Оклахома Сити. Чест ми е само што ме споменуваат во иста реченица со Робертсон, играч кој направи многу работи за кошарката - изјави Вестбрук.
На пет меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, Вестбрук има просек од 31,6 поени, 10,4 скока и 10,7 асистенции, со што е на добар пат да му се придружи на Робертсон како единствени играчи кои цела сезона, во просек, бележеле трипл-дабл.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд-Орландо 122:102, Индијана-Торонто 108:90, Филаделфија-Бруклин 118:141, Вашингтон-Шарлот 118:111, Њу Орлеанс-Денвер 131:134, Њујорк-Чикаго 100:91, Оклахома сити-Милвоки 110:79, Сан Антонио-Мемфис 95:89, Јута-Портланд 106:87, Голден стејт-Минесота 121:107, Сакраменто-Далас 98:87.


Текстот е прочитан 512 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter