Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.02.2017, 13:17

ВО ИЗДАНИЕ НА "МАТИЦА МАКЕДОНСКА"

Матеја Матевски има нова книга поезија

Академик Матеја Матевски (88) има нова поетска книга, "Темни деноноќија", која деновиве излезе од печат, во издание на "Матица македонска".

Еден од најистакнатите македонски поети, во новата објава има шеесетина песни, напишани во 2015 и во 2016 година.
Во поговорот насловен "Поетските визии на Матеја Матевски во книгата 'Темни деноноќија'", поетот и литературен критичар Јовица Тасевски - Етернијан констатира дека "низ страниците се преплетуваат вечните и актуелните теми, инвентивно прикажани од специфичен поетски аспект".



Матеја Матевски (Цариград,1929) е водечко име во современите текови на македонската литература. Автор е на дваесет и четири стихозбирки, на шест книги со критики и есеи, а превел над шеесет книги од шпански, француски, словенечки, српски и од други јазици. Добитник е на бројни национални и меѓународни признанија. Во 2011 година беше носител на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. (Н.П.)


Текстот е прочитан 732 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter