Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 14:39

Принудувале 11-годишно девојче на брак и секс во скопска Шутка

Единаесетгодишното девојче од домот Ранка Миловановиќ, кое пред Нова година беше пријавено за исчезнато, било насилно држено во куќа во скопска Шутка каде што било присилувано на брак и секс.

Тоа успеало неко да избега од куќата по што за пеколот кажало на нејзиниот чичко, а потоа заедно со социјален работник пријавиле дека на 29 декември таа била заклучена во куќа во скопска Шутка.
Според досегашната истрага, единаесетгодишното девојче околу 12:30 часот со автобус стигнала во населбата Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата, по што заедно се договориле да отидат на гости кај бабата на втората штитеничка која живеела во Шуто Оризари.
Кога двете штитенички пристигнале во куќата, бабата $ рекла дека ќе $ биде снаа и дека нема да ја пушти да си оди. Девојчето почнало да се противи на нејзината одлука и станало да си оди. Тогаш бабата скокнала и ја фатила за коса и почнала да ја влече штитеничката. Во тој момент пристигнал и нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Девојчето прво се спротивставувало, а потоа се согласило и имале сексуални односи.
Бабата $ забранила и на втората штитеничка да излезе од куќата и да си замине.
Следниот ден единаесетгодишното девојче успеало да побегне и за настанот кажало на нејзиниот чичко.
Полицијата работи на целосното расветлување на случајот и утврдување на веродостојноста на пријавата, по што се очекува против бабата и нејзиниот внук да бидат преземени соодветни мерки доколку се утврди дека ја присилувале штитеничката на брак и секс. (П.А.Л.)


Текстот е прочитан 3035 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter