Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:36

ПОРАНЕШНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА

Холифилд ќе боксува со политичар на 54 години

Поранешниот светски првак во тешка категорија Ивандер Холифилд се враќа во ринг на 54-годишна возраст, и тоа против уште постар противник.

Сепак, тоа нема да биде борба за титула. Легендарниот Американец ќе ја прекине пензијата заради хуманитарен меч, што ќе се одржи на 25 мај во Лагос, Нигерија. Тој ќе ги вкрсти ракавиците со 65-годишниот политичар Бола Ахмед Тинуба, кој е поранешен член на нигерискиот парламент.
- Едвај чекам! Ќе го нокаутирам Холифилд, бидејќи јас сум шампион - се пошегува Тинуба.
Судија во рингот ќе биде 82-годишниот Воле Сојинка, добитник на Нобеловата награда за литература.
Овој спектакл се рекламира под името "Грмотевица во Лагос", со што се алудира на легендарниот меч од 1974 година, кога во Киншаса се соочија Мухамед Али и Џорџ Формен.
Со овој меч ќе се одбележи 50-годишнината од формирањето на државата Лагос, а има за цел собирање на два милиони долари, за да се обезбеди медицински материјал.


Текстот е прочитан 669 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter