Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2016, 13:24

Ќерките им покажаа на мајките како се игра ракомет

Вардар секогаш растел како семејство и на прво место ги става семејните вредности. Се труди во спортот да ги сплоти децата, но и нивните семејства.

Да им ја долови магијата што бранува на терените, се вовлекува во порите и создава врвни ракометари, а и да ги задржи нивните семејства на трибините како вистински вљубеници во ракометот.

Овие начела се протнуваат низ сите генерации кои се дел од Вардар, и се трудиме да ги пренесеме и на најмладите ракометари кои се дел од нашата Ракометна Академија Вардар. Токму тоа го видовме во салата Наум Наумовски Борче" во Маџари, каде девојчињата од 2004/2005 генерација од ракометното школо Кастратовиќ Вардар", која е под Ракометната академија Вардар, одиграа ракометен натпревар со нивните мајки и тетки.



Младите ракометарки од Кастратовиќ го победија тимот составен од мајки и тетки со 22-12. Искуството во натпреварите и напорните тренинзи придонесоа девојчињата да дадат повеќе голови и да ги намачат мајките кои се бореа за што подобар резултат. Низ шеги, досетки и убави акции мајките и девојчињата заеднички ни приредија интересен и забавен натпревар. На крајот од играта си честитаа, се изгушкаа и насмеани си ги прераскажуваа моментите кои им оставиле најголем впечаток.

За Билјана Младеновска и нејзината ќерка Ива Младеновска, која има 9 години и веќе 2 години тренира ракомет, ова беше убава можност за дружба.

Убаво беше што натпреварот го организиравме предновогодишно, ќе имаме што да си раскажуваме за празниците и да се шегуваме. Со мама влегував во акции, иако играме на различни позиции. Јас сум десно крило, а таа лев бек. Многу сум среќна дека ги победивме и сега веќе се спремаме за нови победи", вели Ива која се натпреварува и во Вардар Јуниор лигата.

Јас порано играв ракомет во клубот Ѓорче Петров, но одамна не играм. Сега е време за Ива да игра, но убаво ми беше што имавме ваква можност. Веројатно е дека љубовта за ракометот Ива ја наследи од мене, но за разлика од мене таа игра и напаѓа со левата рака", вели Билјана.



Двојката Милица Николиќ, 10 годишна ракометарка која тренира веќе 3 години, и Јасмина Герасимовска Николиќ, мајка која порано играла кошарка, посакуваат ова да прерасне во традиционален натпревар пред новогодишните празници.

Ми се допадна дружбата, но и што се шегувавме за време на натпреварот. Јас играм и во Вардар Јуниор лигата, но тука ми беше поинтересно и позабавно. Во лигата сме многу посериозни кога играме, мора да дадеме сс од себе за да се пласираме колку што можеме подобро, а целиме за првото место. Таму нема шеги", вели Милица.

Дојдов на Милица да и направам мерак и да се запознаам со ракометот. Навистина ми се допадна идеја и се надевам ќе прерасне во традиција. И убаво е и ние мајките да почувствуваме како е на терен, зашто едноставно е кога седиме на трибините и ги караме децата како да играат. Не е толку едноставно кога си во игра. Убави се ваквите спортски настани и треба почесто да ги има, да им дадеме подршка на децата да спортуваат. Еден од најубавите моменти во мојот животот беше спортот", вели Јасмина.

За некои девојчиња натпреварот е загревање за престојниот зимски турнир Еден живот една љубов", а мајките се потрудија да им овозможат поинтересна игра. Сара Цацаноска, има 12 години, а играше против мајка Тина Цацаноска.

Најмногу ми се допадна што можевме да играме, како и делот на крајот кога се поздравувавме со мајките и кога ни ја честитаа победата. Беше забавно зашто ние бевме подобри, а мама на пример не знаеше да игра. Но, она што со нетрпение го чекам се натпрварите од Зимскиот турнир во организација на Академијата на Вардар", вели Сара.



Нема искуство со ракомет. Може да се рече дека првпат сум на терен, иако порано малку имам играно кошарка, но не е исто. За нас ова беше интересно искуство, се трудевме да не им попуштиме, но сепак младоста победи со 22-12", вели мајката Тина.

Особено весели беа мајките кои се радуваа на секој постигнат гол, а во своите редови ја имаа и Здравка Дамовска, тренерот на девојчињата и поранешна ракометарка.

Идејата ни е ова да прерасне во традиција. Натпреварот беше интересен за девојчињата, а и мајките беа задоволни, особено од дружбата. За нас ова беше само уште еден предизвик. Во Вардар Јуниор лигата со девојчињата победнички за јазвршуваме 2016 година. Први сме на табелата во генерацијата 2004/2005 и по празниците почнуваме да се подготвуваме за следните натпревари", вели тренерот Дамовска.

Јана Поповска се натпреваруваше против својата тетка Маргарита Поповска, која 10 години играла ракомет.

Ми се допадна дружбата со децата и на теренот не им попуштавме. Беа подобри од нас во секој случај. Браво за тренерот Здравко, кој добро ги води и затоа се сите срциња", вели Маргарита.

Тренирам веќе 4-5 години и многу го сакам ракометот зашто ни дава можност да се бориме и да дадеме сс од себе да бидеме подобри. И денес дадовме сс од себе и одлично се чувствував дека победивме. Играв и во Вардар Јуниор лигата и ми на двете места ми се допаѓаат натпреваритее, вели Јана.

За кого судиите почесто ја креваа раката мајките велат за девојчињата, а ќерките велат дека повеќе претстапи правеле мајките. Двојката Кристина, наша млада ракометарка и Билјана Стрезовски велат дека најмногу искуството влијаело на резултатот.



Сакам пак да играме со мајките. Беше многу интересно. Во играта тие правеа повеќе престапи, а ние сме искусни во натпреварите и подобро ги знаеме правилата. Особено искуство собираме од Вардар Јуниор лигата, каде има и забава но даваме сс од себе да победиме, а и денес ни беше битно да победиме", вели Кристина.
"Првпат играм, немам тренирано спорт. Но во однос на кондицијата ми беше полесно бидејќи се занимавам со фитнес. Бевме организирани како тим, имавме и два голмана, но мислам дека ни фалеа уште два. Малите беа одлични, што значи тренерот Здравка е прекрасна", вели мајката Билјана.

Повеќето од мајките првпат играат ракомет, а дел воопшто и немаат искуство со натпревари. Анита Миленковска се натпреваруваше против двете ќерки, помалата Леона и Калина.

Јас сум 2007 годиште, а ракомет тренирам 3 години. Интересно е да играм против мама. Ние бевме посилни зашто повеќе тренираме, а мајките не знаат да играат", вели Леона.

Забавно беше да се игра против мајките зашто не знаат да играат, а ние им покажавме што сме научиле досега", вели Калина која се натпреварува и во лигата, а се подготвува и за зимскиот турнир.

Денеска првпат играв ракомет. Ми беше интересно иако не успеав ниту гол да дадам. Но, ова е интересна иницијатива, пред сс е забавна, но и децата можеа да нн покажат колку научиле", вели Анита.

Од Кастратовиќ Вардар ви посакуваат среќни празници и ве очекуваат во 2017 година да ги подржувате од трибините.


Текстот е прочитан 1390 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter