Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 13:04

РЕВИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ

Од фустанот нека ве фати "мајата"

Викендов, во Скопје, се одржа седмиот по ред Саем за венчавки, кој се отвори во петокот, во хотелот "Александар палас" во Скопје.

Традиционално, познати лица од домашниот јавен живот, како невести и младоженци, ни подготвија модна ревија носејќи модели од познати македонски дизајнери.
"Ова е свадба со повеќе невести. Од фустаните што ги носите, нека ве фати 'мајата', па тие што не биле невести, наскоро да се омажат", рече домаќинката на настанот, Елена Стефановска. Дел од моделите на ревијата веќе имаат искуство како невести - Лила Стојановска, Светлана Црнокрак, презентерката Љубица Јаневска-Ивановска. Сара Мејс имаше генерална проба за својата скорешна свадба, а видовме и редовни учеснички на невестинските модни шоуа: Марјана Станојковска, Јована Стојменовиќ, манекенката Симона Станковска. Како модели се појавија и пејачките Симона Попоска, Рената Кралевска, Јулијана, шармантната седумгодишна Симона Николовска. Костуми носеа велосипедистот Влатко Кузмановски, актерот Зоран Љутков и манекенот Спасое Кликовац.
Саемот заслужи пофалби за успешната организација, а го организираше магазинот за венчавки "Во бело". На штандовите во трите хотелски сали се претставија повеќе од 50 изложувачи на невестински фустани, на свадбени декорации, фотостудија.



М. Џаровска
Фото: Б. Грданоски


Текстот е прочитан 2297 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter