Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 12:24

МНТ НАЈАВУВА РЕПРИЗА НА СПЕКТАКУЛАРНАТА "НОЌ СО ЅВЕЗДИТЕ"

Урнебесот со Сашко и Игор продолжува и за Василица

По успешната прослава за дочекот на Новата година со настанот "Ноќ со ѕвездите", Македонскиот народен театар организира реприза, на 13 јануари, за прослава на Старата Нова година.

За првпат МНТ закажа новогодишна прослава на 31 декември, за да излезе од клишеата и да $ понуди на публиката нов начин на одбележување на најлудата ноќ.
Настанот насловен "Ноќ со ѕвездите" на македонската јавност $ ги понуди ѕвездите и милениците на публиката Сашко Коцев и Игор Џамбазов.
Седумстотини гости, на возраст од 20 до 60 години, во парови, друштва го наполнија салонот на МНТ, со желба да искусат поинакво доживување од домашната атмосфера, кафеаните и пд клубовите.
Шоуто почна со стенд-апот на Коцев, кој толку многу се забавуваше и се внесе во раскажувањето на вицови и анегдоти од секојдневни случки, што дури го надмина предвидениот тајминг за тој настап.
Следеше 20-минутна пауза со коктел, по што забавата продолжи со концертот на Џамбазов и "Гуру харе бенд". Токму со нивната музика и со милион конфети, публиката во МНТ влезе во Новата 2017 година.



Дружењето се пресели во фоајето на МНТ, со диџеј и со ретро-хитови, а траеше до 3 часот наутро, со интимен концерт на Игор и пријателите.
"Со момчето често одиме во театар, па кога ја видовме понудата на МНТ за дочек на Новата година, веднаш одлучивме дека таму ќе славиме. Сакавме да видиме како ќе изгледа тоа да славиш Нова година во театар. Неверојатно искуство, се изнасмеавме со Сашко и уживавме во музиката на Игор. Имаше и храна и пијалаци. Се опуштивме и уживавме во атмосфера, без грам политика", вели скопјанката Кристина Д. (30).
Во публиката беа и 20-ина актери од Театарот и вработени од администрацијата, кои ни рекоа дека им било предизвик да слават таму каде што работат и каде го што поминуваат поголемиот дел од денот.
Билетите за "Ноќ со ѕвездите" веќе се во продажба, по цена од 1.200 денари, и 2 000 денари за ложите на сцена.

(Б. Н.)



Текстот е прочитан 1341 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter