Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:35

СУДИИТЕ ВЛИЈАЕА НА ФИНАЛЕТО ВО НЦАА

Северна Каролина славеше во контроверзен финиш

Кошаркарите на универзитетот Северна Каролина славеа во финалето на колеџ-шампионатот во САД (НЦАА) и тоа против Гонзага со 71:65. Натпреварот на стадионот на универзитетот Феникс го следеа 76.168 гледачи.

Ова е шеста титула за Северна Каролина, прва по 2009 година, така што според бројот на трофеите се наоѓа на третото место на вечната листа, веднаш зад УКЛА и Кентаки.
Финалниот натпревар заврши со големи контроверзии, на кои реагираа и НБА-ѕвездите Леброн Џејмс и Двејн Вејд. При водство од 66:65 на Северна Каролина на 50 секунди до крајот, играчот на Каролина, Кенеди Микс, со едната рака беше надвор од теренот. Судијата, иако беше веднаш до нив, не реагираше и не ја промени одлуката, која можеше да даде друг тек на завршницата.



- Судијата требаше едноставно да ги остави децата да играат. Сепак ќе ги почитувам овие млади играчи и ќе го догледам натпреварот до крај. Но, ова е лудо - изјави најдобриот светски играч, Леброн Џејмс.
Најефикасен на дуелот беше Џоел Бери од Северна Каролина со 22 поена, кој воедно го доби и признанието МВП. Во екипата на Гонзага најдобар играч беше Најџел Вилијамс - Гос со 15 поени и 9 скокови.
Доказ за големото влијание на судиите врз мечот е тоа што на дуелот беа досудени дури 42 лични грешки, по 22 на секоја страна, а притоа беа изведени дури 52 слободни фрлања. За тренерот на Каролина, Рој Вилијамс, ова беше четврто финале и по трет пат успева да триумфира.



Текстот е прочитан 373 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter