Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.01.2017, 15:41

ВМРО-ДПМНЕ: ЕК да го појасни барањето за формирање „што е можно поширока влада“

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Европската комисија да појасни на основа на кој дел од Уставот на Република Македонија ЕУ очекува претседателот на државата Ѓорге Иванов да определи лидер за формирање на, како што наведуваат, „што е можно поширока влада“.

- Македонија нема време за чекање, но портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич треба да објасни на основа на кој дел од Уставот на Р. Македонија ЕУ очекува претседателот Иванов да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“, како што вчера ЕУ објави преку Коцијанчич. За да нема недоразбирање и дилеми кај македонската јавност пожелно е одговорот на ЕУ, исто така, да биде јавен, се наведува во соопштението од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секоја држава, особено источно европските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинското кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони.

- Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во Парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во Парламентот отколку тоа што го има владејачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владејачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди поддршка во Парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи. Оттука, би сакале да прашаме дали ЕУ има воспоставена пракса при секое формирање на влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање на „што е можно поширока влада“, или тоа е само исклучок за Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 1316 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter