Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.02.2017, 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, а Туфекџиќ 118.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека новинарот Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, а Ивана Туфекџиќ 118.000 денари.

- Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување нов стан. Сето тоа успеа да го постигне со платата од 500 евра која Заев му ја даде за да не останел без денар на улица, како што јавно се пофали, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Петре Шилегов донирал трипати помалку од Зекири за СДСМ, но затоа, како што стои во соопштението, успеал да заштеди повеќе и за две години да стекне три нови станови.

- Во меѓувреме молчи и не соопштува дали тој е новата Радмила Шекеринска која сама на себе си издава станови за 5.000 евра, како што упатуваат сите индиции околу договорите кои во име на неговото адвокатско друштво си ги склучува сам со себе, за консултации, кирија и трошоци, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со Туфекџиќ, партијата оценува дека не е независен активист, а парите во висина од 40 студентски стипендии не ги донирала за студентските движења и организации, туку му ги дала на Заев.

- Народот на 11 декември порача дека не сака да биде воден од криминалци. Затоа речиси половина милион Македонци му кажаа не на СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. Зоран Заев ќе одговара за злосторничкото здружение кое го формираше и кое има за цел да ја раскрчми Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.


Текстот е прочитан 1192 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter