Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 09:02

ИСТОЧНАТА МЕТОДА ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ ХИТ И КАЈ НАС

Јапонски веѓи на македонски девојки

Јапонската метода на исцртување на веѓите, односно микроблејдинг, последниве неколку години е апсолутен хит, не само во светот туку и кај нас. Сe повеќе девојки, жени, мајки се решаваат на овој третман. Исцртувањето веѓи, како техника, доаѓа од Истокот, со цел разубавувањето да се направи на поедноставен начин, кој нема да чини многу, а ќе има ефект.

Ивана Атанасовска, една од нашите најпознати мејкап-артистки, која разубавува поголем дел од јавните фаци, е меѓу првите кај нас кои се зафатија со оваа работа. Вели дека во изминативе една, две години овој тренд е особено популарен меѓу македонските жени и девојки, иако методот кај нас постои веќе пет години.
"Светот постојано се унапредува во секој сегмент, па така и во козметиката. Новите технологии на разубавување на лицето, кои дојдоа од Истокот, веќе им го заземаат местото на скапите процеси од Запад, кои подразбираат да се оди во хируршка сала за поубав изглед. Источниот свет развил технологии на разубавување кои не бараат со месеци да лежите и да закрепнувате од хируршкиот третман. Источниот свет донесе техники кои им дозволуваат на дамите да го коригираат она што не им се допаѓа, а притоа да не чинат колку еден автомобил. Една од тие е и јапонската метода на исцртување веѓи, односно микроблејдинг", вели Ивана, која е ројал артист на микроблејдинг академијата на Бранко Бабиќ "Фи академии" во Белград.
Таа раскажува дека девојките и жените сега многу похрабро решаваат да ги направат популарните јапонски веѓи.
Самото исцртување, вели Ивана, трае еден час. "Но, најпрво, мора да се одреди формата, која се одредува со посебен шестар, според ликот на клиентот, а потоа се одредува и бојата за исцртување, и најдобро е да се избере природната боја на веѓите за да се добие саканиот природен ефект", објаснува мејкап-артистката. Таа вели дека предноста на оваа метода е што може да се направи соодветната форма на веѓата според лицето, а се олеснува и постојаното скубење и третирање на веѓите или исцртување со моливче.

" Тука предноста е што, освен што не мора секогаш да ги коригирате веѓите, со јапонската метода изгледате како веќе да сте нашминкани, а според мене, веѓите кои се, всушност, рамка на лицето, убаво би било да бидат средени. Но, да бидам искрена, оваа метода посебно ја прифатија оние што имаат проблем со тенките веѓи. Има жени на кои не им треба многу, освен да се пополнат празнините, затоа што имаа густи влакненца, но верувајте, има многу жени кои воопшто немаат веѓи или им се многу тенки. Па ним ова, навистина, им дојде како решение на проблемот", искрена е Ивана.
Освен јапонската метода, жените се заинтересирани и за трајна шминка на очите, трајна шминка на устата, на која може да се поправат многу неправилности, особено ако имате лузни, но и заради поубав изглед, а посебен хит сега се и свилените трепки, техника со која се надградуваат трепките, влакно по влакно.
Како член на "Фи академи" на Бранко Бабиќ, Ивана вели дека тие секоја година организираат мастер-клас на кој, покрај учењето, прават и забави, на кои доаѓаат познати личности од светскиот џет-сет. Така есента на забавата пристигна францускиот актер Ален Делон, како и Парис Хилтон. Ивана е една од ретките која имаше можност и да се слика и да разговара со светската џетсетерка. "Парис на забавата беше поканета да го поддржи собирот на мастер-класот на 'Фи академи'. Таа е толку спонтана и неформална во комуникацијата, и воопшто не оставаше впечаток на ѕвезда. Цела ноќ раскажуваше вицови, со смисла за хумор како да е Балканка", ни откри Ивана, и додаде дека посебен впечаток вечерта оставил францускиот шармер Ален Делон.

Ивана, која денес е ројал артист, љубовта кон шминкањето ја има од 11 години. Детскиот талент за сликарство, љубовта кон човечката архитектура и љубопитноста ја однеле во светот на шминкањето.
"Од наивно шминкање на девојките и жените по домовите, некако, низ годините, се изградив и се пронајдов себеси. Кога пред 10 години почнав да ги изучувам занаетот, целосно се посветив на оваа работа и успева да си создадам сопствен скопски бренд", вели Ивана. Низ нејзините раце поминале многу познати личности, од луѓето со кои работи во"Томато продукција", до поп и фолк-ѕвездите, но и повеќето политичари.
Александра Георгиев
рамка
Н. Бесплатно исцртување за жени болни од рак
Она што е особено интересно е нејзината акција од лани - бесплатно исцртување на веѓите на жените што се болни од канцер, затоа што за време на хемотерапијата ги губат сите влакна. "Со оглед на тоа дека и мојата мајка беше болна и, покрај косата, ги изгуби и веѓите, навистина знам што значи за една жена губење и враќање на самодоверба, особено кога се лекува од таква болест. Јас сум член на 'Фи академи' од Белград и, всушност, самата академија работи на тој принцип. И навистина сум среќна што успевам барем малку да им ја вратам самодовербата со овој мој придонес", вели Ивана.


Текстот е прочитан 5290 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter