Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:21

НА ИНИЦИЈАТИВА НА УНДП

Карпош ќе ги мапира непристапните објекти за лицата со хендикеп

Општина Карпош ќе се вклучи во проектот "Мапатон" за мапирање на сите пристапни места, но и на бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост на местата каде што живеат.

Проектот е на иницијатива на УНДП, и предвидува вклучување на лицата со посебни потреби во имплементација на андроид апликација, а која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.
"Со полчасовна обука на вработените од урбаните заедници од Општина Карпош, како и на дефектолози, практично, ќе почне овој проект инициран од УНДП, а со задоволство прифатен од Општина Карпош. По обуката, вработените со смарт телефони ќе ги фотографираат и детектираат сите непристапни објекти - јавни и комерцијални, тротоари и пешачки патеки кои се пречка за извршување на обврските, или кои им го попречуваат движењето на лицата со хендикеп", објасни Гордана Стојчевска - Зафировска, помошник-раководителка на секторот за дејности од јавен интерес во Општина Карпош.
Од Карпош велат дека при проектирањето на сите институции од Општината, како што се градинки и основни училишта, се води сметка за потребите на лицата со хендикеп, за да можат и тие без пречка да ги користат.


Текстот е прочитан 497 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter