Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:29

МУЗИЧКОТО ТРИО ОД ТЕТОВО СО НОВА ПРЕРАБОТКА

Шербет верзија на "Чалгиска" од Каролина

Младите музичарки познати како триото "Шербет" ја преработија познатата песна "Чалгиска", на поп-ѕвездата Каролина Гочева.

Снимањето на песната било во паркот на познатата Шарена џамија во Тетово.
"Овој пат одбравме песна од Каролина, која со леснотија нè префрла во едно друго време", велат девојките од триото "Шербет".
Јавно признание дека добро ја направиле преработката добија и од поп-ѕвездата Каролина, која ги пофали на својот фан-профил: "Ви посакувам убав ден со една 'шербет слатка верзија на мојата 'Чалгиска'. Браво!", напиша Каролина.
Групата "Шербет" ја сочинуваат три млади тетовки, кои, пред сè, се пријателки, но и долгогодишни членки на градскиот женски младински хор "Менада" од Тетово, односно триото го сочинуваат Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска. Девојките се познати по преработките на многу македонски песни, и стари и нови, а се добитнички и на наградата "3 Март" во Тетово, од областа на културата . (А.Г.)


Текстот е прочитан 2559 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter