Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.12.2016, 13:35

УСПЕШНО ГОСТУВАЊЕ НА МОБ ВО РОТЕРДАМ СО МОДЕРНИОТ БАЛЕТ НА КИРОВ

Холанѓаните уживаа на "14 часа"

Холандската публика, со стоечки овации ја поздрави екипата на модерниот балет "14 часа", која во саботата гостуваше во театарот "Ро" во Ротердам, Холандија.

Една од омилените балетски претстави на Македонската опера и балет, како во Скопје така и во Ротердам се играше во полн салон, а публиката задоволно коментираше дека уживала, се дел од коментарите кои ни ги раскажаа од МОБ.
Балетот е работен по идеја и кореографија на Игор Киров, а режијата и либретото се на Наташа Поплавска.



Во групата од танчарски двојки изведувачи на приказната се примабалерината Александра Мијалкова, првенците Васил Чичијашвили (Грузија) и Бобан Ковачевски, Наташа Јосифовска, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Дафина Данилоска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии, Мирослав Митрашиновиќ и Светлин Стојанов (Бугарија).
Костимите се на Александар Ношпал, а балетот е поставен на музика на Кирил Џајковски.
Пред претставата , во лобито на театарот имало изложба од проектот "Волшебна Македонија", како и винска дегустација, за да се запознаат гостите со македонскиот туризам.
(К.Р.)


Билети за "Клеопатра" има само за 31 јануари

Распродадени се билетите и за четвртата изведба на балетскиот спектакл "Клеопатра", утре во 20 часот во Македонската опера и балет.
Следната изведба е во 2017 година, на 31 јануари, а билетите, по цена од 800, 1 000 и од 1.200 денари, веќе се во продажба.
Премиерата на "Клеопатра", со кој примабалерината Александра Мијалкова одбележува 25 години уметничка кариера, беше на 19 ноември.


Текстот е прочитан 1438 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter