Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 15:30

ВМРО-ДПМНЕ: Барањето на Коцијанчич нема основа во Уставот

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич денеска не дала одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи, како што посочуваат, таков дел во Уставот нема.

- Коцијанчич само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и приоритетните реформи. Госпоѓата Коцијанчич веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011-2014 година, македонската Влада немаше коалиција од двотретинско мнзинство во Парламентот. Дури и во тие три години успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди 2/3 за реформските закони особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем. Проблемот заради кој не започнаа преговорите со ЕУ, а кој вчера индиректно го спомна е билатералниот спор со Грција. За негово решавање не е потребна широка коалиција во Парламентот, туку минимум политичка волја на Грција земјава да се приклучи на ЕУ, и пред се, поддршка на решението од граѓаните на Македонија на референдум, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, се додава дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, а подоцна и СДСМ се приклучил на тој став, има јасна политичка обврска кон граѓаните дека каква било одлука и решение поврзано со спорот за името кој Грција го отвори пред 25 години, нема да се прифати без претходна согласност на организиран референдум на кој мнозинството граѓани би дале поддршка.

- Спорот за името и блокадата од Грција, а не реформите со години беа единствената пречка Македонија да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за изнаоѓање решение за спорот за името потребно е, пред се волја од страна на Грција, која во минатото ја немаше. - Единствено ги повторуваа нивните црвени линии кои задираат во нашиот идентитет и демонстрираа моќ со ултимативни барања од позиција на сила. За ова прашање ниту Влада со сите пратеници во парламентот нема да е од помош ако Грција не прифати решение кое мнозинството Македонци и граѓани на Македонија нема да го отфрлат на организиран референдум, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наваедуваат и дека не добиле одговор ниту на прашањето дали за секое формирање влада во Европа, ЕУ бара на прес конференција широка коалиција, затоа што, посочуваат, такво нешто не постои. Во земјите во Европа, како што наведуваат, тоа би се толкувало како директно мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, широка или тесна.

- ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на советот на ЕУ, но одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, избрани од народот. Ние како најголема партија со најмногу пратеници сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ќе се залагаме за истото. Македонија има искуство со широки коалиции и во 1991 со експертската Влада и во 2001 со воениот конфликт. Тие ништо добро не и донеле на Македонија. Спротивно на тоа во овие 10 години кога ВМРО-ДПМНЕ имаше стабилно мнозинство се отворија 170.000 нови работни места и се постигнаа најдобрите економски резултати, се наведува во реакцијата на партијата.


Текстот е прочитан 698 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter