Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 13:24

Тимоние: Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО

Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

- Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада, рече Тимоние.

Посочи дека секој очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција како и другите европски земји секогаш ќе биде на нејзина страна.

- Сметам дека денешните политичари ќе бидат на ниво на сите претходници низ историјата кои покажале како може да се работи заедно и со жртвување за општото добро помогнале за создавање на оваа земја, рече Тимоние.

Прашан дали тиранската платформа треба да се повлече, со оглед на тоа дека голем дел од Македонците се спротивставува на неа, Тимоние рече дека не е негово да се произнесува по тоа прашање.


Текстот е прочитан 376 пати.
#
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните интереси
СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури
Димитриев: Нови и брзи избори единствен излез од кризата
Илиевски: Иванов вчера ни донесе голема победа
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
„За заедничка Македонија“ во одбрана на слободните медиуми
Хан: Брзо формирање влада и воздржување од разгорување меѓуетнички тензии
СДСМ: Мирен транфер на власта низ институциите на системот
Светот користи нови, а ние се враќаме на застарените инсулини

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter