Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:13

ПОРАДИ ЗЛОУПОТРЕБА И ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Обвинителството отвора постапка против функционери во МВР

Поради злоупотреба на службените овластувања и изборни нерегуларности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки против функционери во МВР и други правни и физички лица.

"Поради постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и од Струмица, ОЈО спроведува предистражна постапка. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела", стои во соопштението.
Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејства на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.? Дали против лицата подоцна ќе биде покренато и обвинение, зависи од доказниот материјал.
Инаку, паралелно со оваа предистражна постапка истраги за изборни нерегуларности води и Специјалното јавно обвинителство.


Текстот е прочитан 724 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter